фудбал

Фратези од Интер се сели во Фенер?

Турскиот гигант Фенербахче се подготвува за купување на уште еден фудбалер. Управата на клубот е подготвена да плати 40 милиони евра за италијанскиот репрезентативец Давид Фратези.

Репрезентативецот на Италија во моментов не е во преден план кај тренерот на Интер Кристијан Киву, кој пак е подготвен да се откаже од услугите на играчот.

За Фратези заинтересирани сè уште и италијанските екипи: Јувентус, Наполи и Рома.

Репрезентативецот на Италија член на Интер е од 2023 година, а претходно има настапувано за Монца, Емполи, Асколи и Сасуоло. За Италија има одиграно 33 натпревари и постигнал 8 голови.


Ал-Рајан го продава Митровиќ, Фенер прв застана во редот

Репрезентативецот на Србија Александар Митровиќ е пред враќање во европскиот фудбал. Тој веќе две сезони игра во Саудиска Арабија, а сега е член на Ал-Рајан од Катар. Но, за очекување е 31-годишниот напаѓач да ја смени средината.

Според медиумите од Турција еден од најголемите клубови Фенербахче сака во своите редови да го донесе Митровиќ. Во Доха не се премногу задоволни од игрите и ефектот на напаѓачот особено што често е повреден.

Сепак, двата клуба ќе треба да постигнат договор, а Фенербахче да издвои и годишна плата од околу 10 милиони евра за фудбалерот.

Митровиќ по заминувањето од Премиер лигата одигра две сезони во Ал-Хилал и постигна 68 голови на 79 натпревари.


Неизвесна иднината на Николас Џексон, Баерн не знае дали ќе го откупи

Агентот на Сенегалецот и напаѓачот на Челзи, Николас Џексон, Али Барат, одговори на прашање за иднината на неговиот клиент.

„Мислам дека сезоната сè уште е многу далеку од крајот. Нико го очекува Купот на африканските нации, долга сезона во Баерн и Лигата на шампионите. Затоа мислам дека е рано за одговор на тоа прашање. На крајот од сезоната, Нико и јас ќе седнеме, ќе ги разгледаме сите опции и потоа заедно ќе донесеме одлука“, ги цитира новинарот Николо Шира зборовите на агентот на неговите социјални мрежи.

Џексон се приклучи на Баерн Минхен на позајмица од Челзи на 2 септември, со договор на една сезона.

Се нагласува дека во договорот за позајмица на Џексон е наведено дека клубот од Минхен може да го откупи за 65 милиони евра, но е малку веројатно Баерн да го стори тоа.

Оваа сезона Сенегалецот одигра 18 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет голови и даде една асистенција. Тековниот договор со лондонскиот клуб му е до летото 2033 година.


Тошевски стрелец во ремито на Дендер со Мехелен

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски повторно се запиша меѓу стрелците во белгискиот шампионат и му донесе важен бод на Дендер на гостувањето кај Мехелен.

Домашниот тим рано стигна до водство уште во 8 минута, но Дендер успеа да се врати во продолжението. Клучниот момент се случи во 61 минута, кога Тошевски ја искористи својата шанса и погоди за израмнување 1-1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Македонскиот интернационалец доби и жолт картон во текот на средбата и беше заменет во 77 минута.

За Тошевски ова беше четврти погодок сезонава во Белгија, додека Дендер и


Емери го надмудри Мареска, Вила го освои „Стемфорд бриџ“

Фудбалерите на Астон Вила ја продолжија победничката серија откако вечерва (натпревар од 18.коло) со пресврт го совладаа Челзи со 1-2. Стрелец на двата гола беше Оле Воткинс. Со новите три бодови тимот од Бирмингем се зацврсти на третото место со 36 бодови, шест помалку од лидерот Арсенал, а четири од вториот Манчестер Сити.

Почетокот на дуелот не навестуваше триумф на гостите, а Челзи поведе во 37.минута преку Жоао Педро. Во 58.минута од клупата влезе Оле Воткинс и пет минути подоцна го постигна првиот гол за Астон Вила, а во 84.минута ги постави конечните 1-2 за триумф на неговиот тим.

Астон Вила е во серија од 11 победи на исто толку натпревари во сите натпреварувања, а последен пат загубија на 1 ноември од Ливерпул на гости 2-0.


Шкендија разгледува понуди за Клисман Цаке

Актуелниот македонски шампион, екипата на Шкендија може да остане без еден од главните играчи, Клисман Цаке кој е на пат да се пресели во Русија.

Според „xmksport“, Клисман Цаке е многу блиску до потпис со клуб од Русија кој настапува во најсилната лига од оваа земја.

Цаке оваа сезона е најдобриот фудбалер на Шкендија, па им фати око на странските екипи.

Според „Трансфермаркт“ тој е и најскапиот играч на тетовскиот тим, неговата вредност се проценува на 700.000 евра. Шкендија сигурно ќе се обиде да изнуди и повеќе од оваа сума.


Конте добива нов договор со Наполи

Наполи викендов му се враќа на шампионатот во Серија А со гостување кај Кремонезе, во значително поинаква атмосфера по освоениот прв трофеј во сезоната.

Успехот донесе нов оптимизам во клубот и ја отвори можноста за продолжување на соработката со Антонио Конте.

Иако во ноември беше под силен притисок и се шпекулираше за негово заминување, претседателот Аурелио де Лаурентис јавно застана зад тренерот. Италијанските медиуми најавуваат дека преговорите за нов договор веќе започнале и дека Конте би добил подобри финансиски услови.

Сепак, и покрај освоениот Суперкуп, останува фактот дека Наполи не е доволно убедлив во Серија А и во Лигата на шампионите, каде што по шест кола има само седум бода и неизвесна борба за пласман во следната фаза.


Черки донесе големи три бода за Сити во Нотингем

Фудбалерите на Манчестер Сити се измачија, но победија на гостувањето кај Нотингем Форест со 1-2 (0-0) за крај на 2025 година во Премиер лигата. Со овој триумф притисокот одново е врз Арсенал кој има бод негатива, а денес игра со Брајтон.

„Граѓаните“ беа подобри на „Сити Граунд“, ама по првиот дел мрежите мируваа. Успеа Сити да поведе на отворањето на второто полувреме кога по асистенција на Рајан Черки стрела Тијани Реијндерс за 0-1 во 48. минута.

Сепак, гостинската радост траеше кратко, бидејќи Омари Хачинсон шест минути подоцна стигнаа до израмнувачки погодок (1-1).

Сити притисна, а тоа му се исплати во завршницата кога Черки по асистенцијата успеа да постигне и гол. Летното засилување на „граѓаните“ погоди за 1-2 во 83. минута по асистенција од Гвардиол. Сепак, на овој гол му претходеше судир на Нико Орајли со Гибс-Вајт, но ВАР собата потврди дека нема елементи за прекршок.


Јунајтед спремен да го врати Белингем во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед е подготвен во наредното лето да плати 200 милиони евра за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем.

22-годишниот Англичанец ќе добие 6-годишен договор со плата од 15 милиони по сезона но, прашање е дали ќе сака да прифати да си замине од Шпанија.

Ќе потсетиме дека Белингем се пресели на Пирините во летото во 2023 година и стана еден од главните фудбалери на „кралевите“. Тој во сезонава настапи на 20 натпревари во сите конкуренции со ефект од пет голови и четири асистенции.


Милан и Мењан преговараат за нов договор

Весникот „Газета дело Спорт“, објави, дека челниците на Милан му понудиле нов договор на голманот, Мајк Мењан, во висина од 7 милиони евра годишно вклучително со бонуси.

Доколку Французинот ја прифати понудата, ќе стане најплатениот играч во тимот заедно со напаѓачот, Рафаел Леао.

30-годишниот чувар на мрежата на „росонерите“ има тековна соработка со италијанскиот тим до наредното лето.