Фудбалерот, Душан Влаховиќ, по голема пауза од четири месеци конечно ќе се врати на терените, објавија денеска медиумите во Италија.
Српскиот напаѓач на Јувентус последен пат играше на 29 ноември на мечот со Калјари во Серија „А“ кога заработи потешка повреда.
Корпулетниот напаѓач ќе биде ставен на списокот за викенд-мечот со Удинезе.
Мелани Грозданова пред потпис со Јувентус
Македонската фудбалска талентка, Меланија Грозданова од следната сезона би требало да потпише за голем европски клуб, а најсериозен кандидат засега е Јувентус.
Грозданова една недела поминала во тимот на Јувентус каде што се запознала со тренерите и условите за работа.
Според италијанскиот новинар, Руди Галети, Јувентус продолжува да ја следи Меланија Грозданова. Грозданова неодамна со 17 години и 70 дена го постигна првиот гол за македонската сениорска репрезентација, тоа беше дуелот против Андора кој го игравме во Битола.
Во овој момент Грозданова настапува за ЖФК Љуботен.
Семењо со импресивни бројки, прогласен е за играч на месецот во ПЛ
Фудбалерот на Манчестер Сити, Антоан Семењо, е избран за најдобар играч во Премиер лига за месец февруари.
Крилниот напаѓач, кој во зимскиот преоден рок пристигна од Борнмут, брзо се наметна во новиот клуб и со одличните настапи го привлече вниманието во англиската елита. Во изборот за признанието тој беше подобар од Виктор Ѓокереш од Арсенал, Данго Уатара од Брентфорд, Бенјамин Шешко од Манчестер Јунајтед, Вирџил ван Дајк од Ливерпул, како и од својот соиграч Ник О’Рајли.
Со ова признание Семењо стана трет фудбалер од Гана кој ја освоил наградата за играч на месецот во Премиер лигата, по Тони Џебо и Андре Ају.
Семењо зад себе овој месец има три гола и една асистенција, што беше доволно да биде победник во изборот.
Иран сепак не се откажува од учество на Мундијалот
Тензиите околу настапот на Иран на претстојното Светско првенство дополнително се зголемија откако Фудбалскиот сојуз на Иран жестоко реагираше на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Американскиот лидер порача дека иранската репрезентација не би требало да патува на Мундијалот поради безбедноста на своите фудбалери, но од Техеран веднаш возвратија дека никој нема право да одлучува кој ќе игра на светскиот собир.
„Светското првенство е историски меѓународен настан управуван од ФИФА, а не од поединец или држава. Иранската репрезентација беше меѓу првите што се квалификуваа на турнирот благодарение на серијата важни победи на храбрите синови на Иран“, соопштија од федерацијата.
Од иранската куќа на фудбалот нагласија дека нивната селекција не може да биде исклучена од Мундијалот и индиректно посочија дека проблемот е кај организаторот.
„Сигурно никој не може да ја исклучи иранската репрезентација од Светското првенство. Единствената земја која би можела да биде исклучена е таа што ја носи титулата домаќин, а не може да гарантира безбедност за екипите“, стои во реакцијата.
Иранската репрезентација избори пласман, ама и во државата веројатно постои поделен
Атлетико ќе го продава Алварез, но не по секоја цена
Атлетико Мадрид е подготвен да се раздели со Хулиан Алварез во летниот преоден рок доколку ја добијат вистинската понуда.
Атлетико за Алварез бара 85 милиони фунти и е подготвен да го продаде на клубови од Премиер лигата.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Атлетико нема да го продаде Алварез на Барселона за ниту една цена.
Весникот не наведува, но веројатно истото се однесува и за Реал Мадрид. Атлети не сакаат да ги засилат ривалите.
Кан: Баерн никогаш не изгледал вака моќно
Баерн Минхен оваа сезона прикажува одлични настапи и сериозно се наметнува како кандидат за освојување на повеќе трофеи.
Тимот предводен од тренерот Винсент Компани има убедлива предност од 11 бодови пред Борусија Дортмунд во Бундеслига. Покрај тоа, баварците се пласираа и во полуфиналето на Куп на Германија, додека во првиот меч од осминафиналето во Лига на шампиони убедливо славеа на гостувањето кај Аталанта во Бергамо со 6-1.
Импресивната форма на Баерн ја прокоментира и поранешниот легендарен голман на клубот, Оливер Кан.
„Кај Баерн е јасно зошто тимот игра толку добро. Без разлика кој ќе влезе во игра, квалитетот на екипата речиси и не се менува. Тоа е секогаш знак дека ве очекува силна сезона. Ретко кога Баерн изгледал толку моќно како сега – не само во Бундеслигата, туку и во Европа. Тимот функционира како машина“, изјави Кан.
Сепак, поранешниот чувар на мрежата призна дека има и мала доза на претпазливост.
„Единственото нешто што ме загрижува е тоа што во моментов сè ни оди од рака, можеби и премногу добро. Нема да кажам дека лесно ќе ја освоиме Лигата на шампионите, но убеден сум дека Баерн во моментов ја има најдобрата екипа во Европа“, додаде 56-годишниот Кан.
Наполи сака да го задржи Конте
Раководството на Наполи испрти јасна порака дека иднината на тимот ја гледа токму во италијанскиот стратег Антонио Конте на клупата. Наполи во моментов се соочува со тешка задача во борбата за одбрана на титулата. На десет кола пред крајот на шампионатот, Наполитанците заостануваат 11 бода зад водечкиот Интер, па шансите повторно да стигнат до трофејот се сведени на минимум.
„Работиме заедно и правиме планови за иднината. Сè што досега направивме е многу позитивно. Спокојни сме и гледаме напред“, истакна спортскиот директор на клубот, Џовани Мана.
Рис Џејмс потпиша нов шестгодишен договор со Челси!
Рис Џејмс, симболот на новиот Челси и актуелен капитен, ја официјализираше својата верност кон клубот со нов шестгодишен договор кој ќе го задржи во Лондон до летото 2032 година.
Џејмс, кој има 26 години, е дел од Челси уште од својата шестта година. Со новиот договор, тој практично ги посветува своите најдобри фудбалски години на матичниот клуб.
Овој потег е дел од новата стратегија на сопствениците за долгорочни договори со клучните играчи, со што јадрото на тимот е обезбедено барем до 2030 година.
Досега, Џејмс има 225 настапи за Челси, 16 гола и 31 асистенција, а во неговата витрина веќе стојат пет трофеи. Со новиот договор, навивачите се надеваат дека таа колекција само ќе се зголемува.
Инсиње: Тешко ми беше кога ја напуштив Италија
Поранешниот фудбалер на Наполи, Лоренцо Инсиње, кој по авантурата во Торонто се врати во Италија и тоа во тим од Серија „Б“, вели дека му било тешко да си замине од Неапол.
„По 12 години, беше нормално нешто да се промени, можеби не толку далеку, но, така се случи. Не обвинувам никого, заминувањето не беше лесно. Не успеавме да направиме компактен тим, сите погледи беа насочени кон мене бидејќи бев најплатен во клубот. Имаше притисок“, рече некогашниот фудбалер на Наполи.
„Нема контакт“: Агентот на Халанд ги стивна гласините за преселба во Барселона
Трансфер пазарот никогаш не спие, а кога името на Ерлинг Халанд ќе се спомене во ист здив со Барселона, фудбалскиот свет веднаш го насочува вниманието кон Каталонија. Сепак, според последните изјави од најблискиот круг на норвешкиот стрелец, ваквите шпекулации во моментов се само обичен „шум“.
Шпекулациите за иднината на Халанд достигнаа кулминација по гласините дека напаѓачот се користи како адут во локалните претседателски избори во Барселона. Во изјава, застапничката на Халанд, Рафаела Пимента, експресно ги демантираше овие наводи.
Иако не го криеше почитувањето кон шпанскиот гигант, таа беше децидна за отсуството на комуникација. „Често велам дека имаме голем респект и восхит кон Барса, но НЕМА никаков контакт“, појасни Пимента. Со ова директно се отфрлаат тврдењата дека клупското раководство обезбедило приоритетни опции или некаков првичен договор за иден трансфер.
Демантот не застана само на куртоазни зборови. Пимента нагласи дека мостот меѓу Манчестер и Барселона воопшто не е ни почнат да се гради. Таа недвосмислено изјави дека немало „никакви контакти со Ерлинг Халанд ниту со раководството на Барселона, мособено не во контекст на потенцијални трансфер цели“.
Ова е особено значајно со оглед на тоа колку често името на Халанд се појавува во изборните програми и стратешките планови на Барселона. Со експлицитното споменување и на играчот и на управата, Пимента стави крај на наративот за „тајни преговори“ или „приоритетни клаузули“ кои наводно биле договарани зад сцената.
Можеби најклучниот дел од изјавата беше потсетувањето за стабилноста на Халанд на Етихад. Откако пред само неколку месеци потпиша нов договор, фокусот на Норвежанецот останува цврсто на Премиер лигата.
„Играчот го обнови својот договор пред неколку месеци, тој е многу среќен во Манчестер Сити“, додаде Пимента, истакнувајќи ја совршената синергија меѓу Халанд и проектот на Пеп Гвардиола. Со оглед на тоа што Сити продолжува да се бори за сите трофеи, неговата застапничка заклучи: „Сè оди одлично за него и навистина немаме за што да разговараме во врска со трансфер кога во Манчестер Сити му е толку добро“.