ракомет

Словенецот Миличевиќ пред потпис со Охрид

ГРК Охрид е блиску до ангажман на словенечкиот ракометар Урош Миличевиќ, кој од следната сезона би требало да го засили македонскиот суперлигаш, пренесува словенечкиот портал „Хендболиа“.

Станува збор за еден од најдобрите играчи на Пивоварна Лашко, кој во последните три сезони постигнал 474 погодоци на 116 натпревари. Импресивната статистика го прави Миличевиќ сериозно засилување за амбициите на охриѓани.

Според информациите од Словенија, преговорите се во завршна фаза и постои согласност меѓу двете страни за реализација на трансферот. Официјализацијата на договорот се очекува до крајот на годината.


Одлично второ полувреме, Еурофарм Пелистер го надигра Тиквеш

Еурофарм Пелистер на Лино Червар лесно го надигра Тиквеш со 37-26 во првиот натпревар од 10. коло на Суперлигата. Битолскиот тим ја забележа осмата победа во Суперлигата со доста доминантно, но и рутинско издание, бидејќи гостите од Кавадарци не може да го следат темпото во второто полувреме.Иако парираа во првото кое заврши со резултат 17-14, фаворитот нагази на педалот за гас во продолжение, па откако го засили ритамот, истиот не можеше да биде пратен од Тиквеш.

Како што одминуваше мечот, разликата константно растеше, па на крајот Еурофарм Пелистер оствари убедлива победа изразена со единаесет голови предност (37-26).Петар Атанасијевиќ со девет гола беше прво име на паркетот, Пешевски постигна шест, а четири реализации имаше Хакбарт. Најефикасен играч во гостинскиот тим беше Ончев со осум точни реализации.


Валах останува во Вардар до 2028 година

Ракометниот клуб Вардар ја продолжи соработката со голманот Милош Валах, кој потпиша нов договор и ќе остане во Скопје најмалку до 2028 година.

Валах пристигна во Вардар од полскиот Киелце и во изминатите две години со одличните настапи се наметна како прв голман на тимот. Воедно, тој е и репрезентативец на својата земја.

Со продолжувањето на договорот со Валах, „црвено-црните“ продолжуваат да го формираат составот за следните сезони, со амбиција за нови успеси на домашната и меѓународната сцена.


Ветеранот Бомбач се враќа во словенечкиот ракомет

36-годишниот ракометар Деан Бонбач кој и понатаму го потврдува својот квалитет во Германија, сериозно размислува за враќање во татковината, пренесува словенечкиот медиум „Екипа“.

Главните причини за ваквата можност се од семејна природа, но конечната одлука сè уште не е донесена.

Деан Бомбач престојувал во домашната средина во периодот кога словенечката репрезентација играше во Копер.

Тоа дополнително ги поттикна шпекулациите за негово можно враќање. Во круговите блиски до Копер наводно постои подготвеност за повторно ангажирање на искусниот ракометар, доколку тој одлучи да ја напушти Германија.

.Сепак, Копер не е единствената опција. Како потенцијални дестинации се споменуваат и Слован, Цеље и Тримо Требње, клубови кои во иднина имаат амбиции да се борат за највисоките позиции во словенечкиот ракомет


Вардар и Алкалоид ќе играат за бодови во СЦ „Борис Трајковски“

Од РК Вардар објавиja промена на местото за одигрување на дерби средбата меѓу Вардар и Алкалоид кој се игра во рамките на 10 коло од Суперлигата.

Во новата објава од страна на „црвено-црните“ се вели:

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, како што беше првично најавено.

Датумот и почетокот на натпреварот остануваат непроменети , 14 ноември 2026 година, сабота, од 18,30 часот.

Првично, поради зафатеноста на поголемите спортски објекти во Скопје, беше предвидено средбата од 10. коло во Суперлигата да се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.

Сепак, по дополнителни разговори и организациски усогласувања, во СЦ „Борис Трајковски“ беше пронајден соодветен термин за одигрување на натпреварот.

Вардар им изразува голема благодарност на раководството и на вработените во СЦ „Борис Трајковски“, кои ни излегоа во пресрет и вложија максимални напори да обезбедат термин за ова градско дерби.

Промената на салата овозможува натпреварот да се одигра во соодветен амбиент и пред поголем број навивачи.

Дополнително ќе бидат објавени информации околу продажбата на влезниците за оваа средба.


Раул Гонзалез не е повеќе тренер на Партизан

Досегашниот тренер на ракометниот клуб Партизан од Белград, Шпанецот Раул Гонзалез, поднесе оставка, потврдија од клубот.

Заедно со него, клубот го напушти и левиот бек Милош Кос, кој потпиша договор со германскиот клуб Вецлар, пренесува „Моцарт спорт“.

„По денешната седница на Управниот одбор и оставката на претседателот Миљан Жугиќ, беа одржани состаноци со стручниот штаб и играчите, на кои се разговараше за претстојниот период, сè до формирањето на новиот Управен одбор. Тренерот, кој дојде на чело на клубот во текот на летото и го предводеше тимот во Лигата на шампионите, одлучи да го раскине договорот со ’црно-белите‘ во новонастанатата ситуација, па така, до крајот на сезоната, тимот ќе го предводи досегашниот помошник Марко Павловиќ“, соопштија од РК Партизан.

Од клубот му се заблагодарија на Гонзалез за досегашната соработка.

Шпанецот е и селектор на српската ракометна репрезентација.


Полјакот Јанковски го продолжи договорот со Вардар

Вардар покрај одличните резултати во домашното првенство и борбата за одбрана на шампионската титула, веќе работи и на задржување на играчкиот кадар.

„Црвено-црните“ денеска официјално потврдија дека ја продолжиле соработката со кружниот напаѓач Виктор Јанковски, кој според новиот договор ќе остане во Скопје најмалку до 2028 година.

Јанковски во изминатиот период се наметна како важен дел од вардаровиот состав, па продолжувањето на договорот е уште еден чекор во плановите на клубот за наредните сезони.

Од таборот на актуелниот шампион ја потврдија веста преку социјалните мрежи, најавувајќи дека активно работат на создавање уште посилен тим.

„Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во нашиот состав, а во Вардар ќе остане најмалку до 2028 година. Активно работиме на кроењето на тимот за уште посилен Вардар“, објавија од клубот.


РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ

Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција.

Истиот ќе биде поради употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција.

РФМ проценува дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина.


Непрепознатливата Македонија поразена во Халкида од Грција

Македонската ракометна репрезентација доживеа непријатно изненадување на гостувањето во Халкида, каде што Грција триумфираше со 29-24 (16:-9) во рамките на второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Во нападот на Македонија најрасположен беше Костески со осум постигнати гола, додека Кузмановски натпреварот го заврши со седум погодоци. Велковски додаде два, а голманот Мартин Томовски забележа десет интервенции.

По овој пораз, Македонија ќе мора да бара одговор на домашен терен. Новата пресметка со Грција е закажана за 9 мај во Скопје, каде што избраниците на Лазаров ќе имаат можност да покажат поинакво лице и да се обидат да ја надоместат негативата од пет гола.


Македонија убедливо поразена во Халкида од Грција

Ракометната репрезентација на Македонија имаше катастрофална претстава во Халкида, бевме надиграни од Грција и поразени со 24-29 во меч од второто коло во Квалификациите за Европското првенство 2028 година.

Македонија влезе како фаворит во натпреварот против Грција, но не само што не ја оправдавме таквата улога, туку доживеавме дебакл.

Особено бевме лоши во првото полувреме. По десет минути игра имавме дадено само два гола, до крајот на првиот дел погодивме деветпати. На полувремето Грција замина со предност од 16-9.

Во второто полувреме Грците дојдоа и до највисоки девет голови разлика, беше 18-9. Во продолжението од мечот заигравме нешто подобро и успеавме да ја намалиме негативата, на крајот загубивме со 24-29.

Најефикасен во нашиот состав беше Костески кој постигна осум голови, сите во второто полувреме, Кузмановски погоди седум. Томовски имаше десет одбрани.

Грција ќе ја пречекаме на 9 мај во Скопје, тоа ќе биде многу важен меч за исходот на квалификациите.

Во вториот натпревар од нашата група, Шведска го победи Луксембург со 50-20.