ракомет

Лино Червар: Изненаден сум од ваквиот настап

Во првото коло од групната фаза македонскиот тим на домашен терен доживеа убедлив пораз од Ла Риоха од 24-31.

Битолскиот тим во ниту еден момент не беше рамноправен противник, а искусниот стратег Лино Червар е свесен дека ги разочараа сите, но и реален, бидејќи поача дека поразот е заслужен. Тој е изненаден од одредени поединци

„Шпанците беа подобра екипа од нас. Станува збор за школуван и добро воигран тим, додека ние едноставно разочаравме. Искрено ми е жал поради тоа. Изненаден сум што паднавме без испукан куршум. Одбраната ни беше слаба, примавме лесни голови и немавме решение за нивната игра.

Можеби играчите од кои очекувавме повеќе не го дадоа потребниот придонес. Би искористил една изрека – едно расипано јаболко може да ја уништи целата гајба јаболка. Таа несигурност се пренесе на целиот тим кога оние што требаше да ја преземат одговорноста не го направија тоа. Бевме исплашени и неконцентрирани.

Можеш да загубиш натпревар, тоа е спорт. Но важно е како ќе загубиш. Ако противникот е подобар, а ти се бориш до крај, тогаш му подаваш рака и му честиташ. Ние не заслуживме ништо повеќе од пораз. Во второто полувреме морав да прибегнам кон игра што не ја сакам, но бевме во ситуација во која баравме било каква шанса да се вратиме. Искрено, поразот можеше да биде и поубедлив.

Мораше и требаше да одиграме многу подобро. Разочаравме. Се надевам дека ќе научиме од грешките, бидејќи понекогаш токму тие се најдобриот учител. Ќе има уште многу натпревари, но вакви изданија не смеат да ни се повторуваат“, изјави Червар.


Еурофарм Пелистер убедливо поразен на почетокот на европската сезона

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз на домашен терен ја отворија новата сезона во Лига Европа, откако вечерва во Битола загубија убедливо од шпанска Ла Риоха со 31-24.

Воведниот натпревар за македонскиот вицепрвак во групата Г почна катастрофално со серија од 5-0 на шпанскиот тим.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер возвратија со два гола едноподруго, но бројот на технички грешки се зголемуваше од минута во минута, а со тоа и предноста на Ла Риоха.

Шпанскиот тим на средина од првиот дел имаше водство од 12-4 и замина на полувреме со предност од 16-8.

Второто полувреме донесе игра гол за гол и шпанскиот вицепрвак рутински ја одржа високата предност до самиот крај на натпреварот.

Самоил Ристески и Павле Атанасијевиќ со по четири голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, кој во второто коло во групната фаза ќе му гостува на полски Вибжеже Гдањск на 6 октомври.


Митревски: Спремни сме за мечот со Логроњо

Еурофарм Пелистер е подготвен за новата европска сезона и дебито во Европската лига. Битолчани ја започнуваат својата нова европска кампања пред верната домашна публика, со амбиции да обезбедат позитивен старт во групата. Како и повеќето тимови од Шпанија, Логроњо не се потпира исклучиво на сурова физичка сила, туку на брза транзиција, исклучително технички дотерани напади и долги, трпеливи акции со чести вкрстувања и активна игра со кружниот напаѓач.

„Доста време го чекавме овој натпревар. Од самиот старт на подготовките поминаа скоро два месеци и со нетрпение последните неколку дена и недели го чекаме овој натпревар, бидејќи најубавото во спортот, во ракометот, се полна сала и убави натпревари.

Шпанците имаат доста добро технички потковани играчи коишто си играат своја игра. Знаеме дека шпанските екипи се тактички добро спремни. Работевме во изминатиов период и ние доста добро. Мислам дека сме доволно спремни да одговориме на сите нивни напади и очекувам добар натпревар од наша страна. Влегуваме на хартија како фаворит, но тоа треба да се покаже на терен,

Би им порачал на фановите да дојдат, да нè бодрат, да ја наполнат спортската сала „Боро Чурлевски“. Да бидат како и секогаш наш осми играч, да покажеме дека без разлика во кој европски куп, без разлика во кое европско натпреварување настапува Еурофарм Пелистер, тие секогаш се присутни на трибините. Ја имаме најдобрата навивачка група позади нас и заедно сите да се обидеме да издвојуваме победа“.


Елефсен од Кил е замената за Кнор во Алборг

Алборг брзо пронајде наследник на Јури Кнор, кој ќе се пресели во Пари Сен Жермен во летото 2027 година.

Нов организатор на играта на данскиот великан ќе биде Елијас Елефсен а Скипаготу, моментално член на Кил. Дваесет и четиригодишниот ракометар од Фарските Острови ќе му се придружи на Алборг на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот со германскиот клуб.

Тој потпиша долгорочен договор со данскиот шампион.

Скипаготу пристигна во Кил во 2023 година од Савехоф, а во 122 натпревари досега за германскиот гигант постигна 467 гола.

Во 2025 година го освои Купот на Германија со „зебрите“.

Еден од најталентираните централни бекови од неговата генерација истакна дека желбата да биде поблиску до неговото семејство одиграла важна улога во донесувањето на одлуката.


Сара Ристовска најдобар стрелец на „Трофеј Македонија“!

На крајот на турнирот „Трофеј Македонија“ во Охрид на кое Македонија го освои второто место, од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) како организатори им доделија признанија и на најдобрите ракометарки.

За најдобар стрелец на турнирот прогласена е Сара Ристовска од Македонија. Крилото на кам-бекот во дресот со државниот грб по тешка повреда и долгомесечна пауза, постигна вкупно 22 гола на трите натпревари.

За МВП на „Трофеј Македонија“ прогласена е Ивана Савиќ од Црна Гора, селекција која беше и освојувач на турнирот, додека најдобар голман е Луција Бешен од Хрватска.


Марковиќ: Оваа е само почеток, без еуфорија

Македонската женска ракометна репрезентација ја совлада Хрватска со 25-22 и по пауза од 18 години повторно се израдуваа на триумф против оваа селекција.

Ова беше втора победа за Македонија на турнирот во Охрид, по претходниот триумф над Србија.

Селекторот Игор Марковиќ им честиташе на ракометарките за прикажаното, но порача дека екипата мора да остане цврсто на земја и да продолжи да работи пред Европското првенство.

„Најпрво, голема честитка до моите ракометарки за одличниот турнир. Сега можам да бидам задоволен, но има уште многу простор за анализа, која сигурно ќе ја направиме.

Сигурен сум дека секогаш може подобро. Мислам дека вечерашниот натпревар го добивме со одбраната и сигурно ќе продолжиме да работиме на тоа. Имаме уште многу простор за напредок во нашата игра.

Што се однесува до Европското првенство во Романија, мора да бидеме реални и постепено да се подготвуваме. Не смееме да полетаме, бидејќи ова е само пријателски турнир. Мора добро да работиме, детално да ја анализираме Швајцарија и да дадеме сè од себе за да оствариме една голема победа на Европското првенство.

Прво и основно, сигурен сум дека оваа репрезентација има квалитет. Знам дека можеме и затоа мора сите заедно да веруваме дека можеме. Ќе продолжиме да работиме на тоа.


Македонските ракометарки ја совладаа Хрватска во последниот натпревар на „Трофеј Македонија“

Женската ракометна репрезентација на Македонија со 25-22 ја победи Хрватска на турнирот „Трофеј Македонија“ и го освои второто место.

Нашите ракометарки одлично го почнаа мечот, поведоа со 5-1 и ја принудија Хрватска рано да победа тајм-аут. Но, тоа не ги смени многу работите, Македонија продолжи да игра подобро и на полувремето заминавме со предност од 14-9.

Како одминуваше времето Хрватска почна да игра подобро и дојде до израмнување, беше 19-19. Во драматична завршница Македонија беше подобра и на крајот славеше со 25-22.

Македонија како второпласирана го заврши турнирот, подобри од нас беа Црногорките кои го освоија првото место,


Македонските ракометарки поразени во дуелот со Црна Гора во Охрид

Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва од Црна Гора со 29-23, во рамки на вториот натпревар на турнирот „Трофеј Македонија“ што се одржува во Охрид.

Црногорките веќе во раната фаза на натпреварот поведоа со 8-3 и на полувреме заминаа со водство од 15-9, а во воведните минути од вториот дел дојдоа и до највисоки +7 (19-12).

Македонските ракометарки се обидоа резултатски да се вратат во натпреварот и со серија од 4-1 се доближија на четири голови негатива (22-19).

Сепак, избраничките на новиот селектор Игор Марковиќ не успеаја до крајот на натпреварот да продолжат во ист ритам и откако му дозволија на противникот да постигне четири голови во серија поразот беше неизбежен.

Сара Ристовска со осум голови беше најефикасна во македонските редови.

Во првиот натпревар од денешната програма, Хрватска убедливо ја совлада Србија со 28-15.

Македонската репрезентација, вчера во воведното коло ја совлада Србија со 29-21, а во завршното коло, утре со почеток во 19 часот, ќе игра против Хрватска.

Турнирот во Охрид е подготовка за Европското првенство кое ќе се одржи од 3 до 20 декември. (


Атрактивен ракомет и победа на Еурофарм Пелистер во „братското“ дерби

Еурофарм Пелистер со убедлив триумф над помладиот „брат“ Еурофарм Пелистер 2 Попладнево во салата „Боро Чурлески“, тимот на Лино Червар со 35-24 го совлада новиот суперлигаш.

Отпорот на тимот на Бранко Ангеловски траеше до 22 минута кога Митревски го реализира седмерецот за 11-10, по што ракометарите предводени од Лино Червар на клупата направија мини серија од 3-0 за 14-11. На одмор се замина до предност за првиот тим на Еурофарм Пелистер од 16-12.

Во вториот дел, Еурофарм Пелистер од минута во минута ја зголемуваше предноста и во 46. минута, за првпат дојде до двоцифрена разлика 29-19 по што последните минути рутински ги одработија за конечни 35-24.

Калајџиовски со шест и Серафимов со пет гола беа најдобри кај Еурофарм Пелистер, додека во редовите на вториот тим на битолчани се истакна Христијан Митревски со осум постигнати голови.

По четири кола, битолчани имаат учинок од три победи и едно реми со Охрид на стартот од сезоната, додека вториот тим на Еурофарм Пелистер остана на една победа и го забележа третиот пораз.

Ракомет
Суперлига 2026/27
Четврто коло

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 35-24 (16-12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Иван Илиевски и Александар Шуковски

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидерирад 2, Белистојановски 4, Басанесе, Ристевски 3, Серафимов 5, Кузманоски, Граховац, Хенигман 1, Кузмановски 4, Калајџиовски 6, Пет. Атанасијевиќ 2, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ 2, Хакберт 4, Татар
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Младенов, Лозановски 1, Спировски, Велески, Митревски 8, Шулевски 2, Лазаревски, А. Фехми 1, Дамчевски 2, Георгиев, Василевски, Ј. Симоновски 2, Славков 1, Крстевски 3, Ѓорѓиевски 4
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 2 минути

Во следното петто коло Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел Скопје, а Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Куманово.


Охрид ќе биде двапати домаќин во мечевите со Спор Тото во ЕХФ Купот

Македонскиот суперлигаш ГРК Охрид ќе ги одигра двата натпревари од второто коло на ЕХФ Европскиот куп против турскиот Спор Тото СК на домашен терен.

Во договор меѓу двата клуба, и двата дуели ќе се играат во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.

Првиот натпревар е закажан за 23 октомври, додека реваншот ќе се одигра еден ден подоцна, на 24 октомври.

Двата меча ќе започнат во 18:30 часот, а охридскиот тим кој е актуелен освојувач на ова натпреварување ќе има одлична можност пред својата публика да обезбеди пласман во следната рунда од европското натпреварување.