ракомет

Македонските ракометни кадети стигнаа до светското злато

Македонската кадетска репрезентација е победник на Светското училишно првенство во ракомет.

Избраниците на Горан Кузманоски го освоија златниот медал, откако во финалето славеа против Израел со 38-32 (20-14). Македонија доминираше на овој шампионат, запиша шест победи во исто толку натпревари.

Кадетите не дозволија неизвесност. Нешто израмнета игра гледавме во воведните минути, противникот поведе со 1-2, но Македонија со три гола во низа врати за 4-2. Од овој момент момците на селекторот, Кузманоски полека, но сигурно го градеа победничкиот пат, на одморот резултатот беше 20-14.

Македонските кадети рутински го приведоа мечот, иако Израелците се обидоа да приредат пресврт и дојдоа на негатива од два гола, сепак нашите надежи не дозволија поинакво сценарио, цврсто чекореа кон победата и златниот медал на ова натпреварување кое е прво во историјата за нашата држава.


Вардар убедливо поразен во Монпелје, Ф4 тешко достижен

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Варда, е на прагот на елиминација од Европската лига, откако убеливо загуби во првиот четврт-финален натпревар на гостувањето кај Mонпелје со 33:23.

Реваншот е на домашен терен за седум дена и ќе треба ракометарите на РК Вардар да победат барем со гол повеќе.

Вардар во Монпелје отпатува беа најголеми ѕвезди Јака Малус и Дмитро Хориха, а во текот на натпреварот се повреди и бразилскиот бек Да Силва.

Вилемино и Монте со по шест гола беа најдобри кај Монпелје, додека кај Вардар се истакнаа Митровиќ и Франциско да Силва, двајцата дадоа по шест гола.


Матео Фадуил од Трембле се сели во Вардар

РК Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“. Фадуил има 23 години, настапува на позицијата среден бек, а во Вардар доаѓа од француски Трембле, клуб во кој игра од 2022 година.

Во целата досегашна кариера играл во Франција. Во своите помлади години беше дел од системот на Нант, каде се развиваше како еден од интересните млади ракометари, а претходно во кариерата настапувал и за Кретеј и Саран.

Во актуелната сезона Фадуил е дел од Трембле, каде продолжи да се наметнува со своите настапи во едно од најсилните европски првенства. Тој е стандарден првотимец на францускиот клуб, а сезонава повторно имаше забележителни настапи во домашното првенство.

Во сезоната 2025/26, Матео Фадуил е еден од најважните играчи на Трембле. Според официјалната статистика на француската лига, тој има 160 гола од 266 шута, односно 60,15 проценти реализација, со што во моментот е 4. стрелец во целата француска лига.

„Здраво на сите! Навистина сум возбуден што доаѓам во овој историски ракометен клуб. Едвај чекам да се запознаам со сите неверојатни навивачи на Вардар и да му помогнам на тимот да победи на што е можно повеќе натпревари и да освои што е можно повеќе трофеи. Се гледаме наскоро – ајде да направиме арената да грми!“, изјави Фадуил.

Со ангажманот на Матео Фадуил, Вардар добива ракометар кој веќе има искуство во силна француска конкуренција, играч што може да донесе креативност и дополнителен квалитет во организацијата на играта во сезоната што следува.


Вујовиќ се врати на селекторското место во Катар

VUJOVIC Veselin Iran HANDBALL : Slovà nie vs Iran – Championnats du monde 2023 – Cracovie – 01/18/2023 LaurentTheophile/Panoramic PUBLICATIONxNOTxINxFRAxITAxBEL

Легендарниот тренер Веселин Вујовиќ повторно ќе ја преземе ракометната репрезентација на Катар.

Поранешниот селектор на Македонија и екс-тренер на Вардар веќе отпатувал во Доха, каде ќе го започне својот нов мандат на клупата на националниот тим, кој го водеше и во периодот 2024–2025.

На Светското првенство во 2025 година, Катар заврши на 21. место, меѓу другото и со пораз од Македонија.

Во меѓувреме, селекцијата ја водеше Валеро Ривера, но поразот во финалето на Азиското првенство од Бахреин, по серијата од шест титули, не ги задоволи челниците на федерацијата.


Македонските ракометарки изборија полуфинале на Светското училишно првенство

Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство кое се одржува во Скопје, откако попладнево го совлада Бразил со 19-18.

Четвртфиналната пресметка донесе резултатски неизвесен натпревар во кој македонската репрезентација имаше водство од еден гол на полувремето (11-10), кое успеа да го зачува до самиот крај.

Ања Лашкоска со пет и Ивана Трифуноска со четири голови беа најефикасни македонски ракометарки


Охрид со минимален пораз се врати од Словенија

Ракометарите на Охрид претрпеа минимален пораз на гостувањето кај Целје во првиот меч од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп.

Во салата – „Златорог“ по голема борба словенечкиот тим забележа победа со 27-26. Кај домаќинот се издвои Анџиќ со осум голови додека во нашиот состав Ѓукиќ имаше пет погодоци.

Реваншот меѓу двата тима ќе биде одигран на 2 мај во салата „Билјанини Извори“ во Охрид.


Матео Фадуил потпиша за Вардар

Македонскиот ракометен суперлига, Вардар 1961 потпиша со уште еден ракометар за следната сезона.

„Црвено-црните“ го договорија трансферот на Матео Фадуил, ракометар кој влезе во сениорскиот тим на Франција на подготовките за Европското првенство (ЕП) во 2026 година.

Се работи за 23-годишен среден бек кој целата кариера игра во Франција.

„Можам да кажам дека утрово беше потпишан договорот со Мате Фадуил кој ќе биде последното засилување за Вардар. Ростерот за следната сезона е затворен со четирите нови имиња. Според мислењето на тренерот Иван Чупиќ, тимот ќе биде 40% посилен во следната сезона“, изјави Михајловски.

Претходно, Вардар за следната сезона ги договори Мохаб Абделхак, Милан Бомаштар и Леон Љевар.

Во оваа сезона, Фадуил настапува за Трембли за кого на 24 натпревари даде 157 гола.


Митревски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи го објави продолжувањето на соработката со досегашниот голман и македонски репрезентативец Никола Митревски.

Во објавата од страна на клубот се вели:

„Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.

Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина.

Митревски е столб на репрезентацијата, а таа била и секогаш ќе биде составувана од најдоброто од Еурофарм Пелистер. Пред да се врати во нашиот клуб Митревски настапуваше и за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто“.


Алушовски си поднесе оставка, Лембанов ќе ги води пелистерци

Стевче Алушовски и актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја прекина соработката.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа“, објавија битолчани.

До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.


Популарни цени за ракометниот спектакл во Охрид и Целје

Ракометниот клуб Охрид во онлајн продажба ги пушти влезниците за полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп против словенечката екипа Цеље. Во зависност од местото во СЦ „Билјанини извори“ цената на влезниците изнесува 200 и 300 денари.

Реванш дуелот се игра на 2. мај (сабота) во Охрид со почеток во 19 часот, а првиот дуел на програмата е на 25. април на теренот на противникот.

Влезниците за дуелот во Охрид можат на се купат на: https://mktickets.mk/event/grkoh-3/

Од ГРК Охрид управата, стручниот штаб и ракометарите очекуваат на