ракомет

Македонија домаќин на Европско ракометно првенство за мажи до 18 години

Ракометната федерација на Македонија информира дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврди кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028.

-Одлуката беше донесена од страна на Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот одржан на 13 јуни 2026 година, а со тоа Македонија ја доби довербата да биде домаќин на едно од најзначајните младински ракометни натпреварувања во Европа. Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август 2028 година, а ќе претставува можност нашата земја уште еднаш да ја потврди својата организациска подготвеност и посветеност кон развојот на ракометот, информираат од РФМ.

Доделувањето на организацијата на ЕХФ ЕУРО 2028 претставува уште едно значајно признание за македонскиот ракомет и потврда за континуираната работа на Ракометната федерација на Македонија во развојот и промоцијата на спортот на меѓународно ниво.


Барса по тринаесетти пат е европски првак во ракомет

Ракометарите на Барселона се искачија на европскиот трон по тринаесетти пат во историјата, откако го совладаа тимот на Фуксе Берлин со конечни 37-34 (20-16) во финалето на Лигата на шампионите на ЕХФ.

Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Луис Фраде со стопроцентен учинок (7/7), а на спротивната страна, осум погодоци постигна Матијас Гидсел.


Франција и Белгија домаќини на Европското првенство за ракометарки во 2030 година

Франција и Белгија заедно ќе го организираат Европското првенство во ракомет за жени во 2030 година, објави денеска Француската ракометна федерација (FFHandball).

„Откако машкото Европско првенство во 2029 заедно го организираме со Германија, а организацијата на Европското првенство за ракометари во 2032, исто така, им беше доделена на Франција и Германија, Француската федерација ја потврдува својата водечка улога на европската и глобалната ракометна сцена“, се вели во соопштението на FFHandball.

Градовите домаќини сè уште не се објавени и ќе бидат познати подоцна.

Објавата дојде за време на завршниот турнир од Лигата на шампиони за мажи што овој викенд ќе се игра во Келн.


Фуксе Берлин го доби германското полуфинале и ќе игра за титулата

Во германската пресметка од полуфиналето во Лигата на шампионите, Фуксе Берлин со 40-35 го победи Магдебург во првото полуфинале во „Ланксес арената“.

Актуелниот шампион Магдебург денеска беше немоќен против момците од Берлин, па друг тим ќе биде шампион оваа сезона.

Натпреварот беше неизвесен во најголемиот тек, но кога дојде при крајот, Фуксе Берлин заигра подобро, се одлепи и на крајот дојде до победа од пет разлика.

Одличен на теренот беше Матијас Гидсел кој постигна девет гола и покрај бавниот почеток во кој првиот гол го постигна дури по 17 минути игра. Девет гола на спротивната страна постигна Омари Инги Магнусон.

За издвојување е и настапот на екс-голманот на Вардар, Дејан Милосављев кој собра седум интервенции, но неколку од нив беа во клучните моменти, а средбата ја заврши и со еден постигнат гол.

Во финалето Фуксе ќе игра против подобриот од вториот полуфинале дуел од 20:30 часот во кој играат Барселона и Алборг.


Гидсел го потпиша најголемиот договор во историјата на ракометот

Handball: DHB-Supercup, SC Magdeburg – Füchse Berlin, Finale, Mathias Gidsel (Berlin) (zu dpa: «Füchse Berlin schlagen im Ostderby Leipzig»)

Еден од најдоминантните ракометари на денешницата, Матијас Гидсел, кој веќе неколку сезони наназад важи за најдобар играч во светот, продолжува да ги поместува границите и на теренот и надвор од него.

Според информациите, станува збор за највредниот спонзорски договор во историјата на ракометот, кој во основа ќе надмине сума од три милиони евра.

Иако деталите не се целосно објавени, се знае дека покрај фиксните годишни исплати, Гидсел ќе има и процент од продажбата на патиките од неговата специјална линија, која „Пума“ ќе ја претстави во наредните месеци.


Ива Младеновска потпиша за Борусија Дортмунд

Македонската ракометна репрезентативка, Ива Младеновска стави потпис на договор со екипата на Борусија Дортмунд.

Борусија Дортмунд денеска објави дека нашата Ива Младеновска го засилува нивниот тим.

Македонската ракометарка во Дортмунд оди од Франција каде настапуваше за Безансон.

„Со Ива Младеновска го засиливме нашиот тим со млада, амбициозна ракометарка која веќе има интернационално искуство. Среќени сме што таа одбра да дојде кај нас и уверени сме дека ќе биде добро засилување за нашиот тим“, велат од германскиот тим.

Борусија Дортмунд на второто место ја заврши сезоната во женската Бундеслига и аплицираше за вајлд карта за Лигата на шампионите.


Јапонија прв противник на македонската репрезентација во групата во Магдебург

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците за, првата фаза на Светското првенство, што ќе се одржи 2027-ма во Германија.

Денешната ждрепка во Минхен, ја смести Македонија во Х групата, чии натпревари ќе се играат во Магдебург. Таму за противници нашите ракометари ќе ги имаат селекциите на, Исланд, Бхреин и Јапонија .Само последно пласираните репрезентации од секоја од осумте групи нема да обезбеди пласман во главната фаза.

Еве го распоредот на натпревари во групата:

15 јануари 2027
Македонија – Јапонија
Исланд – Бахреин

17 јануари 2027
Јапонија – Исланд
Македонија – Бахреин

19 јануари 2027
Исланд – Македонија
Бахреин – Јапонија

Доколку Македонија обезбеди место во главната фаза, тогаш ќе вкрсти со репрезентациите од групата Г, каде што се наоѓаат Данска, Словенија, САД и Ангола.


Македонија во група со Исланд, Бахраин и Јапонија на Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација ќе биде учесник на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија од 13 до 31 јануари идната година. Во осум групи поделени се вкупно 32 репрезентации, а првите три селекции ќе обезбедат место во главната рунда.

Македонскиот селектор, Кирил Лазаров и неговите избраници добија познати противници во групната фаза – Исланд, Бахреин и Јапонија.

Град домаќин на групата Х е Магдебург.

Група А: Германија, Србија, Тунис, Уругвај (Минхен)
Група Б: Италија, Египет, Б.С.К. С.Арадбија (Штутгарт)
Група Ц: Хрватска, Шпанија, Чиле, Турција (Минхен)
Група Д: Франција, Аргентина, Бразил, Кувајт (Штутгарт)
Група Е: Шведска, Норвешка, Грција, Катар (Кил)
Група Ф: Португалија, Штутгарт, Полска, Алжир (Магдебург)
Група Г: Данска, Словенија, САД, Ангола (Кил)
Група Х: Исланд, Македонија, Бахреин, Јапонија (Магдебург)

За Македонија ова ќе биде десети Мундијал во историјата, осми во низа.


Саудиска Арабија и Турција добија „вајлд-карти“ за настап на ракометниот Мундијал

Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап наСветското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија.

Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на ИХФ, на состанокот во Базел, предводен од „доживотниот“ претседател на ИХФ, Хасан Мустафа, човек кој влезе во деветтата деценија од животот, ја донесе оваа контроверзна одлука.

Особено е изненадувачки што ја нема Унгарија, репрезентација која на последните две Светски првенства играше во четвртфиналето. Унгарија во баражот беше елиминирана од Србија.

Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи утре во Минхен, а репрезентацијата на Македонија противниците ќе ги чека од вториот шешир.

Првенството се игра стандардно во јануари следната година, а Данска ја брани титулата како четирикратен последователен светски шампион.

Првенството во Германија е и квалификациско за Олимписките игри во Лос Анџелес. Македонија треба да забележи пласман до деветтото место во Германија за да се избори место во квалификациите за најголемото спортско натпреварување во светот.


Познати учесниците на охридскиот турнир, доаѓа и клуб од Египет

Градот Охрид и оваа лето ќе биде во знакот на ракометот, откако од 18 до 22 август ќе се одржи јубилејното петто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2026.

На турнирот ќе учествуваат осум екипи поделени во две групи, а љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат врвни натпревари и дуели меѓу етаблирани европски и регионални клубови.

Група А: Охрид, Загреб Замалек и Војводина.

Група Б: Вардар 1961, Нексе, Олимпијакос и Тримо Требње

Бранител на титулата ќе биде домашниот состав на Охрид.