ракомет

Кил и Мелсунген ќе играат финале на Европската лига

На завршниот турнир во Хамбург, Германија, се одиграа полуфиналните натпревари од ЕХФ Европската лига во кои победи забележаа екипите на Кил и Мелсунген.

Во првото полуфинале Кил со 29-28 го совлада Монпеље, додека во втората пресметка Мелсунген со 37-30 триумфираше над Фленсбург.

Кил со голот на Ерик Јохансон на 19 секунди пред крајот успеа да ја затресе противничката мрежа за победа. Токму Јохансон беше најефикасен со шест погодоци во својот тим, а за францускиот тим доминираше Давид Ромеу со осум голови.

Во победата на Мелсунген прв стрелец беше Даинис Кристопланс со девет голови, а блескаше и голманот Небјша Симиќ со 15 одбрани.

За поразените Емил Јакобсен реализираше седум голови, следен од Симон Питлик со шест.

Финалето меѓу Кил и Мелсунген е закажано за в недела од 18.00 часот.


Радовиш домаќин на баражите за опастанок во Суперлигата

Ракометната федерација на Македонија ги одреди термините за бараж-натпреварите за место во Суперлигата, кои ќе се играат на 3 јуни во салата „25 Мај“ во Радовиш.

Во женска конкуренција, ЖРК Пелистер ќе игра против Ѓорче Петров 2 од 17:30 часот, додека во машкиот бараж од 20:30 часот силите ќе ги одмерат Младост Богданци и Струга.

Прволигашите ќе се борат за пласман во елитата, а суперлигашкиот статус го бранат ЖРК Пелистер и Струга.


Еурофарм Пелистер со триумф над Алкалоид обезбеди настап во Европската лига

Во последниот натпревар сезонава во македонската Суперлига, ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа вечерва во дербито против Алкалоид со 31-26.

Со триумфот пред домашната публика во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер го обезбедија второто место на табелата и настап во Европската лига на ЕХФ.

Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната со 52 бодови, колку што освои и ГРК Охрид, но битолскиот состав има подобар скор во меѓусебните дуели.

Капитенот Филип Кузмановски со седум голови го предводеше Еурофарм Пелистер до победата, додека Дамјан Митев постигна идентичен број голови во редовите на Алкалоид, кој ја заврши сезоната на четвртото место.


Вардар 1961 ја подигна шампионската титула по победата над Бутел

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа вечерва градскиот ривал Бутел со 36-34 во рамки на последното коло во македонската Суперлига и со триумф ставија печат на сезоната во која по пауза од три години ја освоија шампионската титула.

Во пресметка без резултатско значење, Вардар беше во негатива до завршните 15 минути, кога со серија од 5-1 дојде во водство од 34-31 и ја забележа својата 30. победа во сезоната.

По завршувањето на натпреварот, се одржа свечена церемонија на која претседателот на Ракометна федерација на Македонија, Александар Стефанов, го додели шампионскиот пехар, додека претседателот на Натпреварувачката комисија, Бобан Мајнов, ги додели златните медали на играчите и стручниот штаб на РК Вардар 1961.


Два бундеслигаши го сакаат Талант за тренер

Искусниот ракометен тренер Талант Душебаев по заминувањето од Киелце е на радарот на неколку клубови од Бундеслигата.

Според германските медиуми, интерес за него покажуваат Кил и Мелсунген, каде актуелните тренери се под притисок поради слабите резултати.

Душебаев, и покрај селекторската улога во Франција, не планира долго да остане без клупски ангажман и наскоро се очекува да донесе одлука за новиот предизвик.


Олимпијакос ја освои Евролигата во домот на најлутиот ривал

Грчкиот тим на Олимпијакос ја освои шампионската титула во кошаркарската Евролига.

Во финалето на завршниот турнир одржан во Атина, Олимпијакос го совлада Реал Мадрид со 92-85.

Во салата каде настапува лутиот ривал Панатинаикос, навивачите на Олимпијакос, а ги имаше над 15.000 можеа да се радуваат на трофејот.

До него кошаркарите на Олимпијакос дојдоа тешко бидејќи во еден миг губеа и со двоцифрена разлика.

Олимпијакос четврти пат во својата историја ја освојува Евролигата, а прв по пауза од од 13 години. И тогаш Олимпијакос во финалето славеше над Реал. Воедно грчкиот тим му се реваншира на Реал и за поразот пред три години во Каунас кога загуби во полуфиналето.

Шпанскиот „кралски“ клуб и по 21-вото финале останува на 12 трофеи, а последниот го освои во 2018-тата година.

Фурние со 20 поени беше лидер во редовите на победникот, зад него беше Питерс со 16 поени. На другата страна Лајлс имаше 24 поени.


Алкалоид го надигра Бутел во последниот домашен меч сезонава

Ракометарите на Алкалоид вечерва постигнаа убедлива победа од 37-21 во дуелот од 9.коло од плеј офот од Супер лигата против Бутел на домашен терен.

Ова беше 20-та победа за тимот на Алкалоид во првенството и вкупно 15.та победа во 16-тиот меѓусебен дуел против Бутел.

На полувреме беше 19-11 за Алкалоид, а брзо на стартот на почетокот на вториот дел Алкалоид имаше и двоцифрена предност.

Најефикасен на дуелот беше Улфар Тордарсон со 8 голови, а кај Бутел Мице Шилегов постигна 5.

Одличен на голот на Алкалоид беше младиот Ѓорѓи Николовски, кој имаше 12 одбрани.

На другите два дуела од претпоследното коло: Охрид – Еурофарм Пелистер 22-25 и Вардар – Тиквеш 36-26.

Лидер и нов шампион е Вардар со 58 бодови, пред Е.Пелистер и Охрид по 50, додека Алкалоид има 44


Најдобриот стрелец во словенечката лига потпиша за Еурофарм Пелистер

Најдобриот стрелец од првенството на Словенија, Малик Татар, следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Битолчани сакаат да ја вратат титулата, па веќе се формира ростерот за следната сезона, кој ќе треба да им конкурира на Вардар и Охрид.

Татар во Еурофарм Пелистер пристигнува од екипата на Шкофица, каде беше позајмен од Слован Љубљана. Поранешниот шампион на Македонија претходно се засили и со Миха Котар, Мартин Серафимов, Ненад Белистојаноски и Едвин Џелиловиќ, а нов тренер ќе биде легендарниот Лино Червар.


ГРК Охрид се засили со јапонски репрезентативец

Шуичи Јошида е новото засилување на ГРК Охрид за сезоната 2026/27 со опција за продолжување уште една година.

Јапонскиот репрезентативец, висок 193 см, ќе го носи дресот со број 11.

Претходно играше за Нант, Данкерк и Азоти Тарнов, а во Охрид пристигнува како клучно засилување за тимот.


Салата во Охрид „Билјанини извори” – распродадена за 15 минути

ГРК Охрид го чекаат два најважни меча, а тоа се финалните пресметки против Татабња во ЕХФ Еврпскиот Куп.

Од таборот на македонскиот тим за реваншот кој се игра на 31. мај во СЦ „Билјанини Извори“ ќе имаат максимална поддршка од трибините, билетите се распродадоа за 15 минути, соопштија од клубот.

Првиот натпревар ГРК Охрид на гостински терен, добро е познато дека за унгарскиот тим настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески.

Мечот е закажан за 24 мај.