ракомет

Познати двојките за Ф4 на ракометната Лига на шампиони

Минатогодишните финалисти, бранителот на титулата Магдебург и Фуксе од Берлин, ќе се сретнат во полуфиналето на завршниот ракометен турнир од Лигата на шампионите оваа сезона, кој ќе се игра во Келн на 13 и 14 јуни.

Ова беше одлучено со ждрепка во Виена.

Минатата година, Магдебург беше поуспешен од Фуксе во финалето со 32:26 и со тоа ја освои својата петта континентална шампионска титула.

Дванаесеткратниот европски шампион Барселона и дански Олборг ќе се сретнат во второто полуфинале. Тоа ќе биде реприза на финалето од пред две години, во кое Барселона победи со 31:30.


Словачка ги избра дваесетте ракометари за баражот со Македонија

Нашата најдобра машка ракометна репрезентација е на два чекори до пласман на ново СП.

За да учествуваме таму треба да славиме во бараж-двомечот со селекцијата на Словачка а селекторот Фернандо Гурич ги отвори картите за натпреварите во Прешов и Скопје.

Во списокот на словачкиот селектор се најдоа 20 ракометари, а најмногу доаѓаат од редовите на Татран Прешов.Марко Јуркович се враќа во репрезентацијата по операцијата на ногата, а се во списокот одново се најдоа и Сергеј Петриченко и Давид Мишов.

Списокот на Гурич за двомечот со Македонија:

Голмани: Маријан Жернович, Михал Мартин Конечни, Матуш Митошинка
Кружни напаѓачи: Шимон Мачач, Сергеј Петриченко, Марек Палеш, Матуш Моравчик,
Бекови: Јакуб Прокоп, Марко Јуркович, Мартин Потиск, Томаш Сметанка, Марек Штефина, Јакуб Кравчак, Лукаш Урбан, Томаш Обулани
Крила: Ерик Фенар, Марко Антл, Јурај Бриатка, Давид Мишович

Првиот натпревар се игра во Прешов на 14 мај, додека три дена подоцна е реваншот во Скопје.


Охрид потпиша со српскиот бек Никола Зечевиќ

Српскиот ракометен репрезентативец Никола Зечевиќ потпиша со ГРК Охрид и од следната сезона ќе го носи дресот на охриѓани. Тој е остане во Охрид најмалку до 2028. Станува збор за лев бек, има 24 години (200 cm) и ќе го носи дресот со бр. 31 од следната сезона.

Зечевиќ доаѓа од шампионот на Србија, РК Партизан каде што игра одлична улога и во двата правци и заслужено ја носеше капитенската лента во овој тим. Со своите одлични игри се наметнува во првите 16 за националниот тим на Србија каде што има повеќе репрезентативни настапи.

“Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели.” – изјави Никола Зечевиќ.


Познати термините и саатниците за европското финале на Охрид

Европската ракометна федерација денеска и официјално ги потврди термините за финалните натпревари од ЕХФ Европскиот Куп.

Првото финале меѓу нашиот финалист Охрид и екипата на Татабања ќе биде на 24 мај. Мечот е закажан во спортската сала во Татабања со почеток од 17 часот.

Реваншот во Охрид ќе се одигра на 31 мај, недела, во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 20:00 часот.


Лазаров: Треба да бидеме внимателни и максимално фокусирани на двата натпревари

North Macedonia’s head coach Kiril Lazarov gives instructions to his players during the group F, Handball World Championship match between North Macedonia and Netherlands in Krakow, Poland, Sunday, Jan. 15, 2023. (AP Photo/Piotr Hawalej)

Селекторот на нашата ракометна репрезрентација Кирил Лазаров денеска го имаше првиот собир со кој започнуваат со подготовки за двомечот со Словачка кој треба д аја однесе нашата репрезентацоија на завршницата на уште едно Светско првенство, овој пат а во Германија во 2027 година..

Поради добриот настап на последниот голем турнир, Македонија ја прескокна првата бараж фаза и беше поставен како фаворит од првиот шешир, па нашиот репрезентативен тим за противник во финалниот бараж ја доби селекцијата на Словачка.

Во наредната недела ќе следи двомечот меѓу Македонија и Словачка за пласман на ракометниот мундијал, а прва најава за тоа што следи даде и селекторот Лазаров.

„Играме бараж за Светско првенство, како стручен штаб имаме искуство од вакви натпревари, а истото важи и за дел од играчоте. Ова се одлучувачки натпревари и секогаш е тешко без разлика на противникот. Се игра под голем притисокот поради големиот влог, а тоа е пласман на ракометен мундија. Ја почитуваме Словачка, тие функционираат заедно повеќе години и имаа селектор кој доаѓа од земја која ги дава најдобрите тренери Шпанија. Имаат изграден систем, немаат некои поединци за истакнување, но функционираат одлично како тим. Треба да ја научиме лекцијата од минатиот бараж за СП со Фарски Острови, поготово за изданието на гостински терен. Секој гол е важен, треба да бидеме максимално одговорни и дисциплинирани. Мора да имаме добар ритам и концентрација во текот на сите 60 минути. Ќе се игра во Прешов, град кој е познат по неверојатна атмосфера. Како што ние гледаме свои шанси, истото важи и за нив. Сигурно мислат дека го добија најпосакуваниот противник од првиот шешир. Ние одбравме млад тим, имаме 20 играчи, но верувам воо вој тим. Можеби ни недостасува малку искуство, но тоа ќе го надополниме со борба и ентузијазам. Националниот дрес е светост, прва задача ни е мечот во Прешов каде очекувам цврст и физички натпревар, а потоа очекувам полна сала во Скопје“, – изјави Лазаров.

Првиот меч е на програмата на 14 мај од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, додека реваншот е закажан за 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.


Ракометарите се собраа во Скопје пред двомечот со Словачка

Машката македонската ракометна репрезентација на Македонија, денес се собра во Скопје, каде ќе одработи мини подготовки за баражите со Словачка. Селекторот Кирил Лазаров на направи првата прозивка на дваесетмина ракометари кои се најдоа на неговиот список.

Македонија ќе брка нов настап на Мундијалот осми во низа, а вкупно десетти. Првиот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на 14 мај во Прешов (19:00 часот), а реваншот е на 17 мај (19:00 часот.) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ракометната федерација на Македонија веќе ги пушти во продажба картите за реваншот во Скопје, а се продаваат по цена од 400 и 500 денари онлајн на МК-ТИКЕТС.


Првиот човек на ГРК Охрид се сретна со претседателот на Веспрем и го покани на турнир!

Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид и првиот човек на ракометниот клуб, за време на својата посета на Унгарија остварил средба со Чаба Барта, претседателот на унгарскиот ракометен гигант Веспрем.

Во фокусот на разговорите бил развојот и успесите на ГРК во европските натпреварувања, како и настапите во домашното првенство и купот, за што охридскиот клуб добил признание и честитки од унгарскиот ракометен гигант.

Пецаков истакна дека претставува голема чест кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава напорите и напредокот на ГРК Охрид.

На средбата се разговарало и за идните стратегии за развој на клубовите, како и за перспективите на европскиот ракомет.

Градоначалникот упатил и официјална покана до Веспрем да учествува на традиционалниот ракометен турнир во Охрид, со надеж дека од следната година турнирот ќе биде збогатен со уште едно големо европско ракометно име.


Чупиќ: Заслужено ја вративме титулата во Скопје

Ракометарите на Вардар вчера го совладаа својот голем ривал Еурофарм Пелистер (34-19) и со тоа го потврдија и теоретски освојувањето на шампионската титула во домашниот ракометен шампионат. Тренерот на вардарци, Иван Чупиќ по мечот ја анализираше шампионската сезона.

„Секогаш може повеќе, но благодарам за честитките. Во ваков амбиент, со главниот ривал, во најголемото македонско дерби да завршиш работа и да освоиш титула, не може да посакавме подобро. Маратонот беше долг, но мислам дека заслужено ја вративме титулата во Скопје. Уште еднаш, благодарност до навивачите, до клубот, до претседателот, до директорите што ми дадоа шанса да бидам тренер во овој голем клуб. Целиот тим направи многу. Исто големо фала на сите играчи што ја вратија титулата, ги донесоа титулите. Благодарност и до Талески, Борозан, Ќосевски, тие беа со нас тука претходно, сега веќе не се, но беа дел од патот до титулата. Се надевам некој не заборавив. Ова е голем ден за сите кои го сакаат Вардар, а за два дена ни следи нов меч, овој пат со Охрид.“, изјави Чупиќ.

Вардар на крајот од сезоната ги обедини трофеите во Суперлигата и Купот на Македонија, а по три години пауза ја врати титулата во своите витрините.


Лазаров го скрати списокот за двомечот со Словачка

Селекторoт на нашата машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави скратениот список од 20 ракометари кои ќе бидат во конкуренција за претстојниот двомеч со Словачка во баражот за пласман на СП 2027.

Жарко Пешевски нема да може да му помогне на националниот тим на овие две пресметки, во комбинација не е ниту Мартин Серафимов, а интересно е што шанса како трет голман добива Васил Гогов од Вардар пред Иван Галевски од Алкалоид.

Првиот дуел од двомечот меѓу Словачка и Македонија се игра на 14 мај во Прешов, а реваншот е закажан за три дена подоцна во Скопје.


Дебакл на Еурофарм Пелистер на дербито во Скопје против Вардар 1961

Еурофарм Пелистер го претрпе третиот пораз во плеј-офот и убедливо загуби на гостувањето во Скопје кај Вардар 1961 со 34-19 (18-12). Со овој пораз битолскиот суперлигаш ја предаде титулата по тригодишна доминација.

Еурофарм Пелистер водеше само со почетните 0-1, но продолжението помина во знакот на Вардар. Со неколку кратки серии, домаќинот стекна сигурна предност, а на пауза замина со највисоки до тој момент шест разлика (18-12).

Почетокот на второто полувреме донесе уште полоша игра на пелистерци, посебно во нападот каде што како да немаа идеја како да ја затресат мрежата на Валах. Цели десет минути битолскиот состав беше без гол и за тој период Вардар дојде до двоцифрена разлика (22-12). Слабата ефикасност на Еурофарм Пелистер продолжи и во наредните минути, па така прашање беше само колку убедливо избраниците на Чупиќ ќе слават. Финалните петнаесет разлика се најубедлив домашен пораз на Еурофарм Пелистер во последната деценија.

Најдобар стрелец кај Вардар беше Урош Митровиќ со осум гола, го следеше Јака Малус со шест гола, а голманите Гогов и Валах имаа по седум одбрани. Кај Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ и Кузмановски дадоа по пет гола, а Никола Митревски забележа осум одбрани

Во следното осмо коло од разигрувањето за титула Еурофарм Пелистер ќе го пречека Бутел Скопје.