ракомет

Данска стана европски првак и ги обедини сите титули

Репрезентацијата на Данска ја освои европската титула откако во финалето вечерва ја совлада Германија со 34-27. Ова за Данска е трета титула европски првак и воедно го повтори успехот на Франција во ракомет во истовреме да има европска, светска и олимписка титула. Данските ракометари титулата ја прославија со домашните навивачи кои ја исполнија салата во Хернинг.

Во првиот дел двете репрезентации се менуваа во водството, а на полувреме беше 18:16. Последен пат нерешен резултат беше 19:19. Во вториот дел најчесто предноста беше меѓу 2-3 разлика за Данска, а голманите во средината на вториот дел Волф (Германија) и Мелер (Данска) имаа свои минути. Данските ракометари финалето го завршија со серија од 5-0 за конечни 34-27.

Симон Питлик со 8 голови кај Данска беше најефикасен, додека Матијас Гидсел и Јохан Хансен постигнаа по 7. Кевин Мелер имаше 8 одбрани, а Андреас Волф заврши со 14.

Во натпреварот бронзениот медал Хрватска го победи Исланд со 34-33.


Вардар убедливо поразен во финалето на турнирот во Лабин

Екипата на Загреб е освојувач на реномираниот меѓународен турнир што се одржа во Лабин.

Во финалната средба хрватскиот шампион во вториот дел го скрши отпорот на Вардар 1961 и заслужено славеше со 34-27.

По израмнетиот старт (3-3) домашниот тим прв влезе во мини-серија и поведе со 5-3, на што следуваше соодветен одговор на „црвено-црните“.

Вардар со четири гола во низа за првпат поведе со два гола разлика (5-7). Следуваше одговор на Загреб и три врзани погодоци, од кои последниот на Карачиќ за ново водство од 9-7.

Вардар најде излез и од оваа ситуација и брзо го врати водството на своја страна, но во самиот финиш на полувремето кој македонскиот тим го играше со играч помалку, Загреб врза два гола и на пауза обезбеди минимална предност од 17-15.

Иако се работеше за пријателски турнир, жарот за победа беше видлив кај двете екипи и второто полувреме започна со нешто погруба игра и неколку исклучувања на двете страни.

На резултатски план подобро се снајдоа ракометарите на Загреб кои ги казнуваа сите грешки на противникот и првпат се одлепија на четири гола предност (27-23). Кризата во таборот на „црвено-црните“ продолжи, а откако негативата се зголеми на седум погодоци,

Чупиќ повика тајм-аут. Но, ниту минутата одмор и советите на хрватскиот тренер не им помогнаа на вардарци, кои продолжија со лошата игра и загубија со 34-27.


Јакобсен: Исланд беше одличен, игравме смирено и во најтешките моменти

Ракометарите на Данска се изборија за уште едно финале на Европските првенства, откако синоќа во полуфиналето го совладаа Исланд со 31:28. Данскиот тим е на еден чекор до „обединување“ светската, олимписката и европската титула, затоа секој натпревар има посебна тежина за нив.

„Беше навистина тежок натпревар против еден од најдобрите тимови во светот. Успеавме да ја одржиме нашата игра, особено во второто полувреме. Игравме смирено во во тој дел од натпреварот што беше важно. На двете страни бевме навистина ефикасни кога имавме шанса. Игравме остро кога имавме два или три гола предност и генерално, многу сум среќен што успеавме да се пласираме во финалето“, изјави селекторот на Данска Николај Јакобсен.

Во утрешното финале Данска ќе игра против Германија (почеток 18 часот). Во дуелот од главната фаза во групата Данска ја победи Германија со 31:26.


Лино Червар бара промена на ракометните правила

Ракометната репрезентација на Хрватска го загуби полуфиналето од Германија и за да освои медал на Европското првенство во неделното „мало финале“ ќе мора повторно да го победи Исланд. Свое видување за истакна и поранешниот македонски и хрватски селектор Лино Червар.

Тој најпрво упати честитки за хрватските ракометари за пласманот во полуфиналето, со напомена дека мора да се освои бронзениот медал.

Червар во изјава за хрватските медиуми се осврна и на дел од правилата и начинот како е организиран еден шампионат.

Правилата мора да се променат, со вакви правила не може да се „оди“ на Олимписки игри. Никој не знае точно кога е пробивање, кога не. Тоа се стручни работи. Сепак едно е напишано во правилата, а друго се интерпретира на терен. И она што е исто така важно логистиката на првенството мора да ја одработи својата работа, а играчите треба да размислуваат да играат и тренираат, изјави Червар.

Ова воедно е доаѓа како реакција на бројните приговори на Хрватската федерација до организаторот и ЕХФ бидејќи хрватската репрезентација во четири дена одигра три натпревари (заедно со полуфиналето) и притоа имаа еден слободен ден за транспорт од Малме до Силкеборг / Хернинг во Данска.


Лазаров: Мора да бидеме сериозни и професионални без разлика против кој ривал ќе играме

Македонија ждрепката ја дочека како носител и во баражот ќе играме против победникот од дуелот помеѓу Украина и Словачка. Првите реакции од нашиот табор беа реални и оптимистични. Селекторот Кирил Лазаров повика на претпазливост и сериозен пристап, баз разлика против кој ривал ќе играме.

„Треба да бидеме задоволни од ждрепката. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на успеси.
Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај“, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија.

Двомечот ќе се игра на 1/14 и 16/17 мај 2026 година. Победникот по двата меча ќе се пласира на Светското првенство, а Македонија ќе биде битка за осмиот Мундијал по ред, десетти во својата историја.


Исланд протестира до ЕХФ за пропусти во организацијата

Нови проблеми за организаторот на завршницата на Европското првенство и за ЕХФ. Првите стигнаа од Хрватска, а сега реагираа и од Исландската федерација. Исланд го загуби полуфиналето од Данска (28-31) и утре ќе игра против Хрватска за третото место.

Од таборот на Исланд упатија реакција до ЕХФ и барање подоцна да бидат присутни на денешните обврски кон медиумите (организирани од домаќинот и ЕХФ). Тие во своето образложение реагираа дека се сместени надвор од Хернинг во хотелот стигнале по полноќ, а дел од играчите по масажите одморот (си легнале) го имале дури во четири часот. Според исландските медиуми пренесуваат дека обврските биле во 10 часот наутро.

Нивното барање за пролонгирање било одбиено од страна на ЕХФ, па така Исланѓанецот на клупата на Хрватска Дагур Сигурдсон не е единствениот што реагираше.

ЕХФ веќе најави дека ќе има промени, па така нема да има случај како што беше со Хрватска и Исланд во два дена да играат два натпревара.


Украина или Словачка противник на македонските ракометари во баражот

Македонија го доби противникот во баражот за Светскотто првенство кое наредната година ќе се одржува во Германија. Денешната ждрепка во Хернинг донесе две селекции, од кои ќе произлезе нашиот противник во бараж-двомечот.

Ждрепката сакаше Македонија да игра со подобриот од првиот бараж во кој силитте ќе ги одмерат Словaчка и Украина.

Македонија со освоеното трето место во групата на Европското првенсво во Данска си обезбеди подобра позиција и место два баражи ќе играме само еден. Исто така ждрепката ја дочекавме како носители, а со тоа ги избегнавме селекциите на: Франција, Словенија, Норвешка, Унгарија, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Холандија и Австрија

Натпреварите на Македонија од баражот се играат на 13/14 и 16/17 мај.


Вардар лесно во финалето на турнирот во Хрватска

Македонскиот ракометен тим Вардар обезбеди пласман во финалето на реномираниот меѓународен турнир што се одржува во Лабин, откако со доминантна игра го совлада словенечкиот шампион Слован Љубљана со убедливи 41-30.

До крајот на натпреварот, македонскиот тим целосно ја контролираше играта, рутински го одржуваше високото темпо и без поголеми проблеми ја зголемуваше разликата, потврдувајќи ја одличната форма и длабочината на ростерот.

Во финалето на турнирот, Вардар ќе се сретне со Загреб кој во првото полуфинале беше подобар од Сесвете со 24-22.

Финалниот натпревар меѓу двата балкански ракометни гиганти е закажан за сабота со почеток од 20:15 часот.


Вуко Борозан потпиша за Охрид до крајот на сезоната

Во ГРК Охрид ќе потпише црногорскиот ракометар Вуко Борозан.

Откако бекот заврши и се раздели со Вардар се споменуваа повеќе опции за продолжување на неговата кариера.

Можеше да се врати во татковината, да заигра на Блискиот Исток или во Словенија ама сепак тој останува во Македонија.

Борозан со Охрид ќе потпише договор до крајот на сезоната.

Се очекува тој да му биде од помош на тренерот Борис Ројевиќ во клучните борби во Суперлигата, ама и во ЕХФ Купот во кој охриѓани имаат високи амбиции.


Данска и Германија ќе играат за европската титула во ракомет

Селекцијата на Данска ја заврши својата полуфинална задача на домашното Европско првенство во ракомет, совладувајќи го Исланд со резултат 31-27 во второто полуфинале.

Со оваа победа, Данска се пласира во финалето на ЕП, каде ќе се соочи со Германија. За момците на тренерот Јакобсен, ова е петти пласман во борбата за злато на европските првенства. Досега двапати ја освојувале титулата – на ЕП 2008 и ЕП 2012 година.

Во нападот на Данците најефикасен очекувано беше Гидсел со седум, пред Хансен со шест и Питлик со пет погодоци, додека прв стрелец на исландскиот состав беше Смарасон со осум погодоци.

Финалниот натпревар Данска – Германија е закажан за недела во 18:00 часот, додека претходно, од 15:00 часот, за бронзата ќе играат Хрватска и Исланд, кои веќе се сретнаа и во главната рунда на ЕП.