ракомет

Јуниорите на Еурофарм Пелистер на чекор до „фајнал-фор“

Јуниорската екипа на Еурофарм Пелистер се пласира во финалето на групата што се игра во Пореч, Хрватска, од ЕХФ Младинскиот клупски трофеј, што е своевидна Лигата на шампионите за млади. Ако го добие натпреварот против Фуксе Берлин, битолскиот тим ќе оди во Келн на кадетскиот завршен турнир.

Андреј Георгиев имаше блесок со 12 гола и беше ѕвезда во победата од 24-23. Јован Симоновски, кој постигна пет гола, Павел Вељановски, Тео Спировски и Стефан Василевски постигнаа по два гола, додека Горазд Мијалчев беше стрелец на еден гол. На голот одличен беше Јован Мацанковски. Екипата од клупата ја водат тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски.

Еурофарм Пелистер минатата сезона настапи на „фајнал-фор“ турнирот во оваа конкуренција


Аргентинецот Боно заминува од Вардар и се сели во Франција

Mакедонскиот ракометен суперлигаш Вардар 1961 веќе работи на формирање на ростерот за следната сезона, а покрај засилувањата ќе има и заминувања.

Нова средина ќе има и аргентинскиот среден Николас Боно. 28-годишниот ракометар се враќа во Франција каде ќе го облече дресот на Тулуз.

Аргентинецот со Вардар се договори уште минатата сезона, на барање на тогашниот тренер на „црвено-црните“ Гиљермо Милано, но со доаѓањето на Иван Чупиќ не добива поголема минутажа и неговото заминување беше за очекување.


Хенигман го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер продолжува со градење на тимот за следната сезона. Клубот од Битола официјално го продолжи договорот со Ник Хенигман. Словенечкиот лев бек ќе остане во Битола и во сезоната 2026/27, со опција соработката да биде продолжена и за уште една година, односно до 2028 година.

Во таборот на „пелистерци“ Хенигман се гледа како важен дел од ростерот, играч кој носи квалитет, но и лидерство, иако е дел од тимот само една сезона.

Хенигман пристигна во Битола минатото лето и веднаш остави силен печат. Со Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија, настапуваше континуирано во домашната Суперлига и во Лигата на шампионите, а паралелно е стандарден член и на словенечката репрезентација.

Пред трансферот во Македонија, словенечкиот репрезентативец настапуваше за екипите на Рибница, ПИК Сегед, како и за француските клубови Сант Рафаел и Шартр.


Охрид се враќа со херојска победа од Атина

Македонскиот тим ГРК Охрид со победа над Олимпијакос од 31-26 се враќа од гостувањето во Атина.

Во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Европскиот куп на ЕХФ, ГРК Охрид покажа одлична игра и полека гледа кон следната полуфинална фаза во ова натпреварување кое минатата сезона го освои Алкалоид.

Екипата на Охрид одигра одличен натпревар и заслужено дојде до победата на натпреварот во Атина на гостински терен. Разликата во квалитет Охрид ја покжа уште во првото полувреме кое го доби со 15-10, за да во вториот дел ја одржува оваа предност и да слави на крајот со +5 голови позитива. Одличен кај макеоднскиот тим беше грчкиот пивот Николаос Лиапис со седум гола, додека Анте Иванковиќ имаше исто така седум гола, пет од нив во вториот дел. Кај Олимпијакос, Савас Савас имаше 14 гола.

Реваншот меѓу ГРК Охрид и Олимпијакос ќе се игра на 4 април во СРЦ „Билјанини Извори“, а нашата екипа ќе влезе во оваа средба со позитива од пет голови.


Штрлек се враќа во Загреб од следната сезона

Еден од најдобрите хрватски ракометари, Мануел Штрлек, од следната сезона се враќа во редовите на Загреб.

После 14 години минати во други клубови, Штрлек повторно доаѓа во Загреб и ќе стане дел од тимот во текот на летниот преоден рок.

38-годишното лево крило настапуваше за Киелце во најславните денови на клубот и ја освои Лигата на шампионите во 2016 година, а потоа играше во Веспрем и екипите на Нексе и Фуксе Берлин.


Исланѓанецот Смарасон потпиша за Барса

Барселона официјално постигна договор со Јанус Смарасон за трансфер кој ќе стапи на сила од летото и ќе трае до 30 јуни 2029 година.

Смарасон зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи во неколку силни европски шампионати, вклучувајќи ги Германија, Унгарија, Данска и Норвешка, каде што остави значаен белег со своите настапи.

31-годишниот Смарасон доаѓа од ПИК Сегед, а настапуваше и за Магдебург, Колштад, Гепинген, Алборг, Хаукар и Селфос.


Момците на Лазаров ќе ги почнат квалификациите против Грција

Македонските ракометари добија поволна група, во која ќе играат со еден гигант и два аутсајдери. Шведска е голем фаворит во групата, а преки Грција и Луксембург треба да се избориме за пласман на шампионатот во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Македонија ќе ги почне и ќе ги заврши квалификациите на домашен терен.

Квалификации за ЕП 2028:
Прво коло – 5/6 ноември 2026, Македонија – Луксембург
Второ коло – 8/9 ноември 2026, Грција – Македонија
Трето коло – 10/11 март 2027, Македонија – Шведска
Петто коло – 5/6 мај 2027, Луксембург – Македонија
Шесто коло – 9 мај 2027, Македонија – Грција

Првопласираните и второпласираните селекции од секоја група во квалификациите ќе обезбедат место на Европското првенство во 2028 година, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

1 allegato

Scarica
Screenshot Capture – 2026-03-27 – 00-50-23.png
Screenshot Capture – 2026-03-27 – 00-50-23
.png
PNG · 707,1 KB


Македонија ги доби Грција, Шведска и Луксембург во евро-квалификациите

Македонската ракометна репрезентација ги дозби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Нашите ракометари ждрепката ја дочекаа од вториот шешир, и добија интересна група, против јужниот сосед Грција, аутсајдерот Луксембург, како и фаворитот Шведска.

Група 1: Хрватска, Холандија, Финска, Литванија,
Група 2: Норвешка, Австрија, Турција, Грузијa
Група 3: Исланд, Србија, Eстонија, Украина
Група 4: Унгарија, Фарски Острови, Косово, Црна Гора
Група 5: Словенија, Чешка, Израел, БиХ
Група 6: Франција, Полска, Летонија, Романија
Група 7: Германија, Италија, Словачка, Белгија
Група 8: Шведска, Македонија, Луксембург, Грцијa

Првопласираните и второпласираните селекции од секоја група во квалификациите ќе обезбедат место на шампионатот, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.


Македонските ракометари ќе ги дознаат ривалите за евро-квалификациите

North Macedonia vs Hungary, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Varazdin, Croatia, 15.01.2025, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Денес ќе бидат формирани квалификациските групи за Eвропското првенство во ракомет во 2028 што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Македонија се наоѓа во вториот шешир заедно со Србија, Италија, Фарските Острови, Полска, Холандија, Австрија и Чешка. Тоа се земјите со кои не може да играме. Во првиот по квалитет шешир се сместени Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Словенија, Шведска. Во третиот, Белгија, БиХ, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Романија, Украина додека во улога на аутсајдери ќе бидат извлечени: Естонија, Финска, Израел, Косово, Летонија, Луксембург, Словачка и Турција.

Квалификациите ќе започнат годинава на 5 ноември а ќе завршат на 9 мај во 2027. Првите две селекции од секоја група ќе одат директно а друштво ќе им прават и најдобрите четири третопласирани.


Питлик го менува Флензбург со Фуксе Берлин

Откако пропаднаа преговорите меѓу гигантите Фуксе Берлин и Фленсбург околу ангажманот на данскиот репрезентативец Симон Питлик, иако трансферот веќе беше договорен за 2027 година преку активирање на излезна клаузула, клубот од Берлин се обиде да го доведе уште ова лето, со цел да ја пополни празнината по заминувањето на Ласе Андерсон.

Понудите на германскиот шампион беа исклучително високи.

Во првата, Фуксе Берлин понуди пакет кој вклучуваше 750.000 евра и норвешкиот талент Тобијас Грондал, но раководството на Фленсбург ја одби оваа опција.

Потоа следеше и подобрена понуда од дури 1,5 милиони евра, што би претставувало еден од најголемите трансфери во историјата на ракометот, особено за играч кој би пристигнал пред договорениот рок.