останато

Гучи станува главен партнер на Алпин од 2027 година

Формула 1 добива нов визуелен и комерцијален идентитет, откако познатиот италијански моден бренд Гучи беше потврден како нов главен и насловен партнер на тимот на Алпин.

Соработката официјално ќе започне од сезоната во 2027 година, кога тимот ќе се натпреварува под новото име „Gucci Racing Alpine Formula One Team“.

Ова партнерство претставува историски чекор за најбрзиот циркус во светот, бидејќи Гучи станува првата луксузна модна куќа која се појавува како насловен спонзор на еден Ф1 тим.

Со доаѓањето на новиот партнер, Алпин комплетно ќе го промени својот визуелен идентитет. Познатиот бренд за обработка на вода БВТ (BWT), кој донесе препознатливи розови и сини нијанси на болидите од 2022 година, заминува во историјата.


Сензационален успех на Андреас Трајковски во Монако

Македонскиот атлетичар и член на АК Работнички, Андреас Трајковски, го освои златниот медал во скок во далечина на Европското првенство во атлетика за мали земји (European Challenger Championships), кое денес се одржа во Монако.

Андреас уште во втората серија го постави победничкиот резултат од 7.62 метри. По првиот скок од 7.43 метри, тој значително го подобри резултатот и изби на првата позиција. Поради грчеви во мускулот беше принуден да го прекине настапот и да не ги изведе преостанатите скокови, но и покрај тоа неговиот резултат остана недостижен за конкуренцијата.

„Ова е уште еден значаен меѓународен успех за македонската атлетика и потврда за континуитетот на Трајковски, кој и оваа сезона продолжува со одлични настапи на меѓународната сцена. Денес во Монако, на победничкиот подиум се развиори македонското знаме, а од звучниците се слушна македонската химна – момент кој секогаш предизвикува гордост и силни емоции кај секој што ја претставува Македонија“, објави АК Работнички.

Втор заврши Мухамет Кнџели (Албанија) – 7.46 м, трет беше Андреас Мачалекидес (Кипар) – 7.33 м.


Кристијан Бецеки на пол-позицијата за ГН на Италија

Марко Бецеки, ќе стартува од пол-позицијата на претстојната трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Италија, откако беше најбрз во денешните квалификации.

Возачот на Априлија постигна време од 1:43.921 минути на патеката Муџело.

на Трекхаус Рејсинг Тим, Раул Фернандез, ќе стартува од второто место, со заостанување од 0,224 секунди.

Хорхе Мартин на Априлија, ќе стартува од заостанување од 0,363 секунди зад победникот.

Главната трка за Големата награда на Италија ќе се одржи во недела од 14.00 часот.


Марк Маркез доби зелено светло за настап до крајот на викендот во Муџело

Возачот на Дукати Леново, Марк Маркез, официјално доби дозвола да го продолжи натпреварувачкиот викенд за ГН на Италија.

Шпанскиот мотоциклист се врати на патеката Муџело за време на првиот слободен тренинг (ФП1) по неодамнешната повреда.

Маркез ја заврши воведната сесија на 15-тата позиција со најдобро време од 1:47.419, заостанувајќи 1.177 секунди зад лидерот Фабио Ди Џанантонио.

По завршувањето на тренингот, тој замина на закажан контролен преглед во медицинскиот центар.

Лекарскиот тим утврди дека неговата состојба е стабилна и официјално го прогласи за физички подготвен (fit) за настап во остатокот од викендот, овозможувајќи му да се натпреварува пред домашната публика на Дукати.


Реми во тестот во четири сета на Црна Гора и Македонија

Машката одбојкарската репрезентација на Македонија одигра нерешено, 2-2, против селекцијата на Црна Гора во Подгорица.

Иако резултатот е невообичаен, но петти сет не се одигра, па првиот контролен меч за нашите одбојкари заврши нерешено.

Селекторот Јошко Миленкоски шанса за настап им даде на сите одбојкари, комбинираше со поставата и се пробуваа тактички варијанти, па очекувани беа осцилациите во играта.

Нашиот тим ги доби првиот и третиот сет со 25-15 и 15-14, додека на Црногорците им припаднаа вториот и четвртиот со 25-16 и 25-18.

Вториот контролен дуел на Македонија и Црна Гора ќе се одигра со почеток во 18 часот, повторно во СЦ „Верде“ во Подгорица.


Шампионот Марк Маркез на Мото ГП се враќа на патеките!

Марк Маркез најверојатно ќе се врати на патеката веќе овој викенд на трката за Големата награда на Италија која ќе се вози на легендарната патека во Муџело.

Од тимот на Дукати соопштија дека актуелниот шампион ќе отпатува за Италија и ќе се обиде да добие зелено светло од лекарските служби на Мото ГП шампионатот за настап на тркачкиот викенд.

Шпанецот се повреди за време на спринтот во Ле Ман кога доживеа тежок пад и заработи скршеница на петтата метатарзална коска на стапалото.

Дополнителните прегледи покажаа и проблем со штрафот кој претходно му бил поставен по операцијата на клучната коска.

Маркез веднаш беше подложен на хируршка интервенција, при што лекарите го санираа стапалото и го отстранија проблематичниот шраф.


Судијата Александар Цеков влегува во друштвото на ЦЕВ делители на правдата

Македонскиот судија Александар Цеков станува дел од друштвото на делители на правдата кои ја носат значката на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), откако во периодот од 17 до 24 мај во Виши, Франција успешно го заврши курсот за Кандидати за интернационални судии, кој го организираше Европската Судиска Комисија.

Цеков, кој беше во друштво на 26 кандидати за меѓународни судии од 24 европски земји, со високи оценки ја мина комплетната обука (теоретски и практичен дел), а во програмата арбитрите судеа на 44 натпревари во Високо елитното национално првенство на Франција до 22 години.

Цеков, во моментов има статус на кандидат за интернационален ЦЕВ судија, а за да го елиминира епитетот „кандидат“ на македонскиот делител на правдата ќе му бидат потребни три потписи од ЦЕВ судиски супервизори на меѓународните делегирања кои ќе ги има од септември годинава.

Македонски судии кои ја носат значката на ЦЕВ се Влатко Ристовски, Орданче Амбарков, Јосип Христов и Елеонора Петровска, додека Симон Џинес, Никола Мицевски, Здравко Здравески и Славчо Здравески се меѓународни делегати.


Пионерките на Наковски Волеј со шампионски финиш

По кадетската екипа и пионерките на Наковски Волеј се шампиони во својата возрасна категорија.

На финалниот турнир кој викендов се одржа во салата „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје, во одлична организација на Фламинго Волеј, одбојкарките на Наковски со 3:0 (25:11, 25:20, 25:22) ги совладаа врсничките од Форца Волеј ЕМА.

Претходно во полуфиналето Наковски Волеј со 2:0 (25:19, 25:20) славеше над Фит Фан Волеј, додека Форца Волеј ЕМА во два сета (26:24, 25:21) се радуваше против домаќинот Фламинго Волеј.

Во мечот за третото место Фит Фан Волеј беше подобар од составот на организаторот.

Со финалниот турнир во женска пионерка конкуренција беше комплетирана и сезоната 2025/2026 во сите возрасни категории во организација на Одбојкарската федерација на Македонија.


Гавриловиќ го скрати списокот, со 16 одбојкарки на двомечот со Косово

На десет дена пред почетокот на Европската лига 2026, селекторот Милош Гавриловиќ го скрати списокот на 16 репрезентативки кои ќе ги има на располагање за пријателскиот двомеч со Косово на 29 и 30 мај.

Три дебитантки, одбојкарката на Газели Волеј, Даниела Горбок и средните блокерки на Младост УГД, Стефанија Кипријановска и Андреа Митиќ, влегоа во потесниот избор, а по подолга пауза на „скратената“ листа е и Мила Дикова. Останатите имиња се добро познати и го носеа товарот и на претходните акции.

Дамите влегуваат во завршната фаза од подготовките за Европската лига 2026, а на крајот на оваа недела ќе се одиграат и контролните натпревари со Косово, кои треба да дадат слика за досега сработеното.

Првиот меч со Косово се игра во Скопје, во СЦ „Форца“ на 29 мај (петок), додека вториот натпревар се игра ден подоцна на гостински терен во Скендерај.


Антонели победи на трката за ГН на Канада во Формула 1

Андреа Кими Антонели, возач на Мерцедес, победи на Големата награда на Канада.

Кими Антонели, 19-годишниот возач на Формула 1, има сезона од соништата на патеката „Жил Вилнев“ во Канада ја забележа четвртата победа во петтата трка оваа сезона.

Тој славеше пред Луис Хамилтон (најдобар резултат во Ферари) и Макс Ферстапен, а неговиот колега Џорџ Расел ја заврши трката предвреме поради проблем со моторот.

Покрај Расел, уште петмина не ја завршија трката: Перез, Норис, Алонсо, Албон и Линдблад.

Антонели уште еднаш покажа дека е чудо од дете и дека е ултраталентиран возач, славеше откако ја доби спектакуларната борба со Расел која траеше 30 кругови..

Врнеше пред почетокот на трката, патеката беше влажна, поради што Мекларен одлучи да вози со гуми со променливи услови. Тој потег ја одреди трката на Норис и Пјастри.

Веднаш по почетокот на трката, патеката се исуши и гумите станаа неупотребливи, па мораа да одат во боксот за да ги заменат со гуми за суво, што ги чинеше многу позиции.

Потоа Расел и Антонели ја започнаа својата борба, приредија спектакл. Борбата траеше 30 кругови, кога откажа моторот во болидот на Расел.

Антонели го презеде водството, имаше комотна предност пред ривалите и на крајот победи.

Последните 10 круга донесоа голема борба на шампионите Ферстапен и Хамилтон. Британецот беше поуспешен, го мина Холанѓанецот во 66-от круг и го забележа најдобриот пласман во болидот на Ферари.