останато

ФИА воведе ново правило во Формула 1 сезоната

Светската автомобилска федерација (ФИА) на своите социјални мрежи ги објави казните за пцуење што беа воведени на почетокот на оваа сезона.

Според првичните прописи, казната за првиот прекршок можеше да биде 40.000 евра, додека за секој следен прекршок можеше двојно да се наплати.

Но, сега казните се драстично намалени, па казната за лош збор е „само“ 5.000 евра, но тоа нема да биде случај за некои „многу сериозни прекршоци“ кои можат да бидат строго санкционирани.

Казните, логично, ќе бидат повисоки ако возачите кажат или направат нешто несоодветно, на пример на прес-конференција, каде што таквите постапки не можат да се оправдаат со висок адреналин.

Ова особено ќе му се допадне на Макс Верстапен, кој во последно време имаше многу казни за навредливи зборови, особено минатата сезона.


МекГрегор пред враќање во УФЦ

Конор Мек Грегор сака да се врати во УФЦ. А првиот чекор е веќе направен. Тој се согласи повторно да се приклучи на програмата за допинг тестирање. Ова значи дека сериозно размислува за враќање.

Како и секогаш, Конор не објавува ништо со едноставна порака. Не, тој објавува загадочни приказни на Инстаграм и ги споменува Дана Вајт и УФЦ. Титулата во лесната категорија ќе биде доделена во јуни, а Ислам Махачев ќе ја промени категоријата. Очигледно Мек Грегор ја користи својата шанса и сака да се врати.

„Дана Вајт, обрати се на таа медицинска сестра со големиот задник. Ајде да ја започнеме оваа шоу!“ напиша Мек Грегор.

Конор сега има 36 години. Неговата последна борба беше во 2021 година. Во меѓувреме, заработи милиони, се забавуваше многу и нема мотивација да се бори.


Уапсен олимпискиот шампион во борење

Олимпискиот шампион во борење, Кајл Снајдер, е уапсен во Колумбус, Охајо, како дел од полициска акција насочена кон сузбивање на проституцијата, соопштија локалните власти.

Снајдер е меѓу 16-те лица приведени откако се одзвале на лажен оглас за ескорт услуги, поставен од полицијата во овој американски град.

Според извештајот, инцидентот се случил на 3 мај, кога Снајдер пристигнал на договорената локација и ја платил услугата во готово. По приведувањето, бил пуштен од местото на настанот, а на суд треба да се појави на 19 мај.

Снајдер е освојувач на златен олимписки медал од Рио 2016 и сребрен од Токио 2021. Покрај олимписките одличја, има седум медали од Светски првенства и три шампионски титули од “NCAA” Првата дивизија, настапувајќи за Универзитетот на Охајо.

Во 2016 година стана првиот Американец кој истовремено ги поседувал титулите олимписки, светски и “NCAA” шампион.

Во 2018 година, тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, го именуваше за член на Претседателскиот совет за спорт, физичка подготвеност и здрава исхрана.


Одбoјкарките спремни за почеток на подготовките за Сребрената лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по втор пат ќе биде дел од ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Дамите се во друштво на Австрија, Швајцарија, Летонија, Израел, Грузија, Луксембург, Фарски Острови и Исланд.

Натпреварите ќе се одвиваат според т.н. „швајцарски систем“ односно ќе се играат по три турнири а еден ќе биде од 30 мај до 1 јуни во салата „Парк“ Струмица. Токму таму, селекторот Стефан Пауновиќ, утре ќе ја направи првата прозивка. На списокот има 20 репрезентативки.

Поради краткиот период за подготовка, одбојкарките нема да одиграат контролни средби.


Дарио Ивановски ќе учествува на СП 2025 во Токио

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ќе ги брани боите на нашата земја и на претстојното Светско првентво што ќе се одржи во Токио од 13 септември до 21 септември.

Ивановски лани настапи на маратонската трка на ОИ во Париз, годинава имаше неколку добри резултати на маратонските трки, успевајќи да освои доволно бодови во рангирање во пресрет на светскиот шампионат.

Светската атлетска федерација денеска ја објави и конечната листа на маратонци кои добиваат покана за настап во Токио, рангирање на кое Дарио се наоѓа на 75, позиција со статус “Qualified by World Rankings”


Саинц кандидат за прв човек на ФИА

Поранешниот рели шампион и легенда на шпанскиот мотоспорт, Карлос Саинц сениор, би можел да стане нов претседател на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), објави „Скај Спортс“. Според информациите, веќе извесно време се зборува дека 63-годишниот Саинц се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат во декември и дека ќе му биде главен ривал на актуелниот челник на ФИА, Мохамед Бен Сулајем.

Саинц е двократен светски шампион во рели, има силна поддршка од влијателни личности и функционери во различни категории на мотоспортот кои се под капата на ФИА. Тој е и татко на Формула 1 возачот Карлос Саинц Јуниор, кој од оваа сезона вози за Вилијамс.

И покрај тоа, во падокот не владее загриженост околу можен судир на интереси, бидејќи Сениорот ужива углед како човек со интегритет.

Бен Сулајем е на чело на ФИА од крајот на 2021 година, но неговиот мандат беше обележан со неколку контроверзи, недоразбирања со Формула 1 возачите и соработниците – вклучувајќи го и спортскиот заменик Роберт Рид, кој минатиот месец поднесе оставка.


Иџе викендов ќе вози на трка во Португалија

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе овој викенд со нова трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Летечкиот Македонец во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка. Ќе вози на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. За него оваа патека е добро позната, шампионски освојувана.

Стефановски по првите две трки во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки е трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи.

„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Патеката Рампа Да Фалпера добро ја познавам. Двапати бев на подиум и тоа на првата позиција. Моите очекувања и овојпат се слични, да триумфираме. Би сакал да истакнам дека ова е патека на која брзината на некои делови надминува и повеќе од 240 км, што е голем и силен предизвик за сите натпреварувачи. И пред оваа трка, би сакал да се заблагодарам на мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, моите спонзори, и секако, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.

Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.


Дукати на прагот да испише историја

Дукати во текот на викендот ќе има шанса да испише историја на трката во Мото ГП за Големата награда на Франција доколку еден од шесте возачи што ги користат моторите на Италијанците победи во Ле Ман.

Тоа би било 23-та последователна победа на Дукати во премиер класата, што ќе биде нов рекорд.

Моменталниот од 22 последователни победи го постави Хонда гледано од трката за Големата награда на Малезија во 1997 година до трката за Големата награда на Холандија во 1998 година.


Миленкоски го скрати списокот за Златната Европска лига

Селекторот на машката одојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленковски го објави скратниот список од 16 одбојкари кои ќе треба да се појават на првиот собир во Струмица на 15 мај. Прв предизвик за Македонија е Златната Европска лига, а Миленковски се одлучи за проверен ростер. Базата ја сочинуваат капитенот Никола Ѓоргиев и организаторот на играта Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа Александар Љафтов, Лука Костиќ, Стојан Илиев, Тоше Ефремов, како и средниот блокер Филип Савовски.

Капитенот на Струмица 47&72 Владо Милев како најискусен треба да даде стабилност во националниот тим, а целата слика да ја надополнат најдобрите одбојкари од домашната сцена, од редовите на ново-стариот шампион Струмица 47&72 и освојувачот на Купот, Штип УГД.

Селекторот Миленкоски првата прозивка ќе ја има во хотелот „Пандев“ во Струмица на 15 мај напладне.


Кинезот Жао го освои светскиот шампионат во снукер

Спектакл во „Крусибл“, снукер играчот од Кина, Синтонг Жао стана светски шампион. Во финалето, во Шефилд, го победи славниот Марк Вилијамс со 18-12.

Тој стана првиот Кинез во историјата на снукерот што ја освои титулата светски шампион.

Жао брзо изгради водство од шест фрејма и го заврши натпреварот без поголеми проблеми, а Вилијамс не можеше да ги надомести грешките од првите два дена.

Во првата сесија, Кинезот беше беспрекорен и поведе со 7-1, Вилијамс потоа намали на 9-5, и тоа е најблиску до што успеа да се доближи. Вилијамс ги елиминираше Џон Хигинс и Џад Трамп на патот до финалето…

Жао доби 20-месечна суспензија пред две години поради скандал со наместени натпревари, иако немаше докази дека е виновен.

Тој мораше да ги помине квалификациите како аматер бидејќи му беше дозволено повторно да се натпреварува дури во јануари оваа година, па затоа беше избришан од светската листа.

Тој стана првиот во историјата што стигна до финалето преку квалификациите, а со тоа и првиот во историјата што го освои светското првенство како квалификант. Жао е 22 години помлад од Вилијамс, која се бореше за четвртата титула, а Велшанецот стана најстариот финалист на Светското првенство, но не и најстариот светски шампион.