останато

Февр нов светски првак во велеслалом, Французинот доминантен во Кортина

Метју Февр ја освои титулата во велеслалом на трката од Светскиот шампионат во Кортина Д’Ампецо.
Французинот иако не беше меѓу фаворитите, сепак стигна до златен медал, а до тоа дојде откако го искористи киксот на фаворитите.
Зад Февр, заврши Де Алипрандини од Италија, кој исто така не беше фаворит за подиумот. Бронзениот медал од оваа трка му припадна на Марк Шварц од Австрија, додека зад него заврши Филип Зубчиќ од Хрватска.
Разочарувачки настап имаше Кристоферсен кој заврши деветти, додека водечкиот од првата трка Алексис Пинтро не ја заврши втората трката.


Второ злато за Лара Гут-Бехрами на СП во Кортина

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами е новата светска шампионка во велеслалом. Таа денеска со време од 2:30.66 минути во двете трки успеа да се искачи на највисокото место на подиумот, оставајќи ја зад себе олимписката шампионка Микаела Шифрин. Американката заостана само две стотинки зад победничката.
Третото место и бронзата и припадна на Австријката Катарина Линсбергер со девет стотинки заостанување. По првото возење, Американката Микаела Шифрин беше прва, а нејзината сонародничка О’Брајан втора, но О’Брајан имаше лошо второ возење кое ја остави далеку од подиумот.


Светски шампион водел криминална група во Австралија!

Поранешниот олимписки пливач Скот Милер е уапсен поради обвинение за трговија со дрога, објави денеска полицијата во Австралија.
Полицијата заплени метамфетамин во износ од околу два милиони австралиски долари и го обвини дека ја водел криминалната група.
Покрај 45-годишниот Милер, уапсен е уште еден маж на возраст од 47. години.
Инспекторот Џон Вотсон изјави дека Милер беше главен во групата и дека останатите обвинети работеле по негова директива. Уапсените дистрибуирале дрога од Сиднеј во регионот Нов Јужен Велс.
„Ова не беше мала операција. Беа добро организирани и добро финансирани.“ – наведе Вотсон.
Милен е освојувач на сребрен медал во делфин на трката на 100 метри на Олимписките игри во Атланта во 1996. година, а беше член и на штафетата која беше бронзена.
Исто така, беше светски шампион на 100 метри во Рио де Жанеиро во 1995. година.


Оставка за првиот човек на олимписко Токио заради секситички изјави

Претседателот на организацискиот одбор на претстојните Олимписки игри во Токио, Јоширо Мори, ќе поднесе оставка поради неодамнешните сексистички изјави што предизвикаа лавина реакции во јавноста, jавија британски медиуми.
Поранешниот јапонски премиер го навлече гневот на домашната и светската јавност на почетокот на овој месец кога рече дека „жените премногу разговараат“ за време на состаноците на Јапонскиот олимписки комитет.
„Притиснат“ потоа од новинарите да го допрецизира својот став, дали навистина мисли дека жените премногу зборуваат, Мори рече: „Во последно време не слушам многу жени, па затоа не знам“.
Во продолжение на скандалот, 83-годишниот Мори свика итна прес- конференција на 4 февруари во Токио, признавајќи дека неговиот коментар бил непримерен и се коси со олимпискиот дух, но не поднесе оставка на раководното место на Игрите, што треба да започнат на 23 јули.
Извори за агенцијата Ројтерс тврдат дека Мори ќе биде заменет на должноста од поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација и градоначалник на олимпиското село во Токио, Сабуро Кавабучи.


Поради КОВИД-19, откажани сите скијачки натпреварувања во Норвешка

Меѓународната скијачка федерација ФИС, соопшти дека откажани се сите натпреварувања од Светскиот куп кои оваа сезона беа планирани во Норвешка. Причина за откажувањето на натпреварувањата се строгите епидемиолошки услови за влез во Норвешка, а ФИС најави дека дополнително ќе биде соопштено кога и каде ќе се надополнат откажаните натпреварувања. Измеѓу останатите, откажани се натпреварувањата за скијачи во Квитфјел, ски скоковите во Осло, Лилехамер, Трондхајм и Викерсунд, како и натпреварувањето во скијачко трчање во главниот град на Норвешка.


Фернандо Алонсо доживеа сообраќајна несреќа, мораше на операција!

Двократниот шампион на Формула 1, Фернандо Алонсо доживеа неколку скршеници по сообраќајната несреќа во Швајцарија во која беше удрен од автомобил. Алонсо, кој е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 и најмладиот шампион во овој спорт, возеше велосипед во Швајцарија кога дојде до овој инцидент. Позитивно е тоа што Алонсо е свесен, но мора на операција на вилицата, која помина најлошо во оваа несреќа.


Швајцарката Гут-Бехмари прва освои злато на алпскиот Мундијал

Лара Гут-Бехрами од Швајцарија победи во денешната трка во Супер- Џи на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во италијанското зимско одморалиште – Кортина Д’Ампецо. Таа оствари време од 1:25.51 минута или за 34 стотинки побрзо од сонародничката, Корин Зутер, која го обезбеди сребрениот медал. Бронзата и припадна на Американката Микаела Шифрин. Трумфот на Гут-Бехрами и го донесе првиот медал на Швајцарија на Светските првенства по пауза од цели 20 години или конкретно по успехот на Соња Неф во 2001 година кога победи во Ст. Морис во трката во велеслалом.


Формула 1 размислува за воведување на „спринт“ трки?

Раководството на Формула 1 утре ќе го разгледува предлогот за воведување на кратки спринт трки, со цел да се донесе дополнително возбудување во натпреварувањето. Новиот систем ецлосно би ги променил случувањата во текот на викендите, кога се возат тренинзи, квалификации и на крајот самата трка. Предлогот е во петок да се возат квалификации, а во сабота кратки спринт трки. Осумте првопласирани во спринт би добиле приближно половина од бодовите кои се доделуваат за самата трка. Спринтот би бил долг околу 100 километри, што е околу една третина од должината на една регуларна трка. Квалификациите за спринт би се одржувале наместо вториот официјален тренинг, кој е во петок попладне или навечер. Тој план е последен во низата обиди за воведување на спринт трка во некој облик. Потребни се 28 од вкупно 30 гласови, а управното тело на ФИА, носителите на комерцијални права и самите тимови имаат по 10 претставници. Доколку се усвои планот, оваа година Канада, Итаилја и Бразил би биле домаќини на новиот систем, а од наредната истиот би се користел уште повеќе.


Валентино Роси во дилема дали да замине во пензија

По првиот дел од сезоната 2021 година, седумкратниот првак во Мото ГП, Валентино Роси ќе одлучи дали ќе ја продолжи кариерата и во 2022 година. Оваа вест ја објави најблискиот пријател и колега на Роси, Алесио Салучи. Во 2021 година, Роси се пресели од Јамаха во тимот на СРТ и прашање е дали ќе биде задоволен од перформансите на моторот кој ќе ги добие. Легендата на Мото ГП наполни 42 години во февруари, но се уште не се решил за пензионирање. „Ќе зависи од трките на старот на сезоната. По првите шест или седум трки ќе видиме колку е среќен, колку е конкурентен. Во тој момент ќе донесеме одлука, што понатаму“, рекол Салучи.


Одложена првата трка на Светското скијачко првенство

Првата трка на Светското првенство во скијање во италијански Кортина д’Амбецо е одложена денеска поради силните падежи од снег.
Организаторите поради лошите временски услови мораа да ја откажат денешната трка во женска конкуренција во алпска комбинација, а Меѓународната скијачка федерација наведе дека новиот термин ќе биде познат наскоро.
Фаворити во алпска комбинација се Микаела Шифрин, Петра Влхова, Мишел Гизин и Федерика Брињоне.
За утре, предвидени се трките во машка и женска конкуренција во супервелеслалом.
Светското првенство во Италија се одржува без публика, со оглед на мерките поради пандемијата.