останато

Марк Маркез најбрз на спринтот во Херез

Марк Маркез, на домашен терен во Херез, победи во спринт трката. Самата трка беше вистински спектакл, за што придонесе дождот, а Маркез победи и покрај тоа што го загуби водството од својот брат Алкес, а веднаш потоа и падна. Актуелниот првак, успеа да се врати на својот мотор, успеа да дојде до боксот, седна на мотоциклот со гуми за дожд и на крајот ја забележа втората спринт победа оваа сезона.

Дукати, во Херез, успеа да одговори на предизвикот што го наметна Априлија. Покрај Маркез на подиумот се најдоа и Франческо Бањаја, односно Франко Морбидели од ВР46 Дукати тимот.

Априлија, доживеа дабакл, бидејќи главните возачи, лидерите во генералниот пласман, Марко Бецеки и Хорхе Мартин, не ја завршија трката. Бецеки, имаше лош страт, од четвртата падна на 15-та позиција, а кога започнаа влегувањата во боксот, поради дождот, го смени мотоциклот и падна веднаш по враќањето на патеката.

Мартин, имше добар старт, од седмото дојде на четвртото место, но на влезот во третиот круг, кога го мина Алекс Мартин, откажаа неговите сопирачки, поради што се повлече од трката.


Штип УГД ја освои титулата во одбојкарскиот шампионат и испиша историја!

Одбојкарите на Штип УГД и третпат го победија ГОК Борец (3:0) и го обезбедија шампионскиот пехар во Првата одбојкарска лига на Македонија.

Штипјани со ова ги обединија двете круни во мак-одбојката оваа сезона, бидејќи претходно го освоија и трофејот на завршниот турнир во Купот каде исто така беа подобри од велешани.

Денес Штип испиша историја, за првпат една екипа од овој град освои шампионски пехар во едно првенство на Македонија.

Трипати Штип УГД беше подобар против Борец во финалната серија, а истата ја заврши без загубен сет. Вечерва во Штип, домашната екипа беше подобра со 25:18, 25:18 и 25:16 по сетови. Со оваа победа Штип УГД ја потврди доминацијатa оваа сезона во одбојката.


Келн сака да организира Олимписки игри

Граѓаните на Северна Рајна-Вестфалија што гласаа на референдум во неделата, со огромно мнозинство ја поддржаа кандидатурата на областа Рур за домаќин на Олимписките и на Параолимписките игри.

Според националното олимписко и спортско здружение ДОСБ, кандидатурата била поддржана од 66 проценти од гласачите што излегле на гласање, а потребното мнозинство било постигнато во 16 од 17. општини.

Доколку биде успешна кандидатурата, Германија би можела да биде домаќин на Игрите помеѓу 2036 и 2044 година.

Хертен, единствената општина без мнозинска поддршка, беше потенцијална локација за натпреварите во планински велосипедизам. Затоа општината беше исклучена од проектот.

За кандидатурата на Келн-Рајна-Рур, како и на три други од Германија, ќе биде одлучено од ДОСБ, во септември. Во трка се и: Минхен, каде што граѓаните ја поддржаа кандидатурата наесен; Хамбург, каде што ќе гласаат граѓаните на крајот од мај и Берлин, кој се откажа од референдумот, но останува во трка.

Летните олимписки игри во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес, а оние во 2032 година – во Бризбејн.


„Лауреус“ во рацете на Карлос Алкараз и Арина Сабаленка

Доминацијата на тенисот во овогодинешниот избор за наградата „Лауреус“.

Арина Сабаленка и Карлос Алкараз ги добија најпрестижните награди во светот на спортот и со тоа ја продолжија доминацијата што, со кратки паузи, трае од времето на Џенифер Каприати, Серена Вилијамс, Жастин Енан, Наоми Осака, Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Сите тие го добија „Лауреус“, некои пет пати, ако зборуваме за Новак и Роџер, Серена четири пати, а сега е редот на лидерите на новата генерација тенисери.

Во 2025 година, Шпанецот освои два Гренд слем турнири, Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД и ја заврши сезоната како „Број 1“, а својата доминација ја продолжи и на отворањето на 2026 година со триумф на Отвореното првенство на Австралија.

Сабаленка беше убедливо најуспешна на ВТА турнејата минатата година со две Гренд слем титули, Вимблдон и Отвореното првенство на САД, со едно финале во Париз.

„Добивањето на ова признание од луѓе кои толку длабоко го разбираат спортот го прави уште позначаен“, рече Алкараз по прифаќањето на наградата.

„Ова е ноќ што никогаш нема да ја заборавам, момент што засекогаш ќе го носам во срцето.“

„Сe тресам од возбуда“, рече Белорусинката.

„Некако е неверојатно да знам дека моето име ќе биде покрај тие легенди, спортисти на кои се восхитував и им се восхитував.“

Церемонијата во „Палата Сибелес“ во главниот град на Шпанија ја водеа спортските легенди и олимписки шампиони Ајлин Гу и Новак Ѓоковиќ.


Расел ќе вози за Мерцедес и во 2027 година

Џорџ Расел потпиша нов договор со Мерцедес минатата година, но некои детали од договорот не беа објавени, што ги наведе некои медиуми да се сомневаат во иднината на Британецот во тимот, чие седиште е во Бракли, Англија.

Според нивните пишувања, договорот на Расел е до крајот на 2026 година и постои опција да се продолжи до 2027 година, но со исполнување на одредени услови, во однос на пласманот и достигнувањата.

Расел го потврди ова и коментираше дека нема сомнение дека ќе ги исполни потребните услови за да го задржи своето место во тимот.

„Принципот е овој, ако постигнете одредени резултати, тимот ќе продолжи да работи со вас. Ќе возам за Мерцедес во 2027 година.“

„Во моментов немам ништо повеќе да кажам на оваа тема. Мојот договор е на неколку години. Честопати во ваквите договори има клаузули, кои бараат одредени резултати. Но, што се однесува до мене, мислам дека тие ќе бидат реализирани многу п


МОК го одржа традиционалниот Олимписки пикник во знакот на спортот и пријателството

Денес, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“, во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), се одржа традиционалниот Олимписки пикник. Во пријатна и опуштена атмосфера, настанот ги обедини спортистите, олимпијците, соработниците и пријателите на спортот во ден посветен на забавата и негувањето на олимписките вредности.

Официјалниот дел го отвори Претседателот на МОК, Даниел Димевски, кој во своето обраќање го истакна значењето на овој настан и континуираното градење на спортската заедница. Тој упати посебна благодарност до присутните гости, меѓу кои и Амбасадорката на НР Кина, нејзината екселенција Џианг Сјаојен, претставниците на Грчката амбасада, како и до сите спортисти и олимпијци. Еден од најубавите моменти беше јавното признание и врачувањето на подароци за тимот кој неуморно и посветено работеше на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF), како знак на внимание за нивниот придонес.

Пикникот понуди и уникатна културно-спортска програма. По поздравното обраќање на амбасадорката Џианг Сјаојен, вработените во амбасадата на НР Кина изведоа прекрасна демонстрација на традиционалната вештина Ba Duan Jin. Веднаш потоа следеше и атрактивна демонстрација на Wing Chun Kung fu (Wushu) предводена од Сифу Мирослав Тодоровски. Она што особено го одбележа овој дел од денот беше интерактивноста – присутните гости не само што уживаа во настапите, туку имаа и одличен простор самите да бидат дел од нив, да се приклучат и да ги пробаат овие древни кинески вештини. Ова предизвика многу насмевки, позитивна енергија и вистинска забава меѓу сите генерации.

По завршувањето на официјалниот и демонстративниот дел, гостите целосно се препуштија на неформалното дружење. Со одлична музичка селекција од двајцата присутни диџеи, вкусна храна и освежителни пијалаци, присутните искрено уживаа и се забавуваа до попладневните часови. Љубителите на активниот одмор ги искористија и термините за падел, тенис и пинг-понг додека волонтерите беспрекорно се грижеа за секој сегмент од организацијата.

Олимпискиот пикник уште еднаш покажа дека спортот е најдобриот начин за поврзување, ширење на позитивна енергија и создавање трајни пријателства.


Формула 1 се враќа во Јужна Кореја

Јужна Кореја сериозно размислува за камбек во календарот на Формула 1 од 2028 година, со амбициозен план трката да се вози низ градските улици на Инчон.

Идејата која беше претставена предвидува улична патека долга речиси пет километри, сместена во урбаното јадро на градот.

Организаторите очекуваат спектакл по примерот на трките во Сингапур и Лас Вегас, кои веќе се етаблираа како едни од најатрактивните на календарот.

Проекциите се дека ваквиот настан би можел да привлече дури 400.000 гледачи за време на тркачкиот викенд, што би го направило еден од најпосетените спортски настани.

Инаку, Јужна Кореја веќе има искуство со „најбрзиот циркус“, откако беше домаќин на четири трки во периодот од 2010 до 2013 година, пред да исчезне од календарот на Формула 1.


Почина боксерската легенда Мигел Канто

Светот на боксот тагува по смртта на еден од најголемите техничари во историјата на овој спорт, легендарниот мексикански боксер Мигел Канто, кој почина на 78-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја пренесоа бројни светски медиуми, со што беше потврден крајот на животот на еден од најзначајните борци на 20 век.

Канто зад себе остави богато спортско наследство и статус на еден од најпочитуваните шампиони во историјата на боксот.

Познат под прекарот „Ел Маестро“, Канто важеше за исклучително технички и тактички боксер. Иако не се истакнуваше по голем број нокаути, со 15 нокаути во професионалната кариера, тој се прослави со прецизност, одлично движење и интелигентен пристап во рингот.

Неговата кариера често се опишува како пример за врвен дефанзивен бокс, а многу експерти го ставаат меѓу најдобрите техничари што некогаш се појавиле во овој спорт.

Со своите настапи, Канто остави силно влијание врз генерации боксери и љубители на боксот ширум светот.

Со неговата смрт, спортот губи вистинска легенда, а неговото име останува трајно запишано во историјата на боксот и во Куќата на славните.


Штип УГД го одбрани домашниот терен и поведе во финалната серија

Одбојкарите на Одбојкарски клуб Штип Угд со убедлива победа од 3-0 во сетови (25-15, 25-22, 25-17) над Борец Велес ја отворија финалната серија за шампионската титула.

Лидерот во првенството имаше контрола над играта и резултатот во текот на целиот натпревар, а мала неизвесност понуди само вториот сет.

Задмард со 15 поени го предводеше штипскиот состав, додека Илиев со 13 поени го следеше.

Во редовите на Борец Велес, Оливера реализираше 14 поени, а Бастос освои девет поени.

Вториот натпревар од серијата ќе се игра в понеделник, со почеток од 20.00 часот, во Велес.


Почнува финалето на плеј-офот, Македонија ќе добие нов одбојкарски шампион

Финалната серија од плејофот во машкото одбојкарско првенство стартува вечерва во Штип, каде најдобрите две екипи сезонава, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја започнат битката за шампионската титула, која традиционално се игра во три добиени натпревари.

Лидерот на прволигашката табела Штип УГД и второпласираниот ГОК Борец низ целата сезона покажаа константност и квалитет со кои заслужено се најдоа и во финалето на Купот на ОФМ 2026, а сега одново влегуваат во „судир“ за нов трофеј – шампионскиот.

Штип УГД е освојувач на Купот на ОФМ 2026 и во финалето влегува со амбиција за обединување на круните, додека ГОК Борец по пауза од три години, повторно ќе се бори за првиот шампионски трофеј од осамостојувањето на Македонија.