Jуве без Дибала и Мората против Челзи и Торино

Масимилијано Алегри потврди дека напаѓачите Пауло Дибала и Алваро Мората ќе го пропуштат дербито со Челзи во Лигата на шампиони.

Јувентус денес стигна до победа против Сампдорија од 3-2, но Дибала и Мората заработија мускулни повреди.

„Со сигурност Дибала и Мората нема да играат против Челзи, а ќе бидеме среќни ако успеат да се опорават по интернационалната пауза. Тоа е дел од фудбалот и мора да се навикнеме. Имавме неколку грешки во одбраната, но, дефинитивно добро се браневме во поголемиот дел од мечот, сепак среќни сме што дојдовме до нови три бода“, потврди Алегри.