ракомет

Хрватска после повеќе од 20 години остана без големо натпреварување

Репрезентацијата на Хрватска на квалификацискиот турнир во Монпеље остана без настап на Олимписките игри кои би требало да се одржат ова лето во Токио. Тоа значи дека Хрватска за прв пат после 21 година ќе пропушти завршен турнир.
Ова на Хрватска последно и се случи во 2000. година, кога ги пропушти Игрите во Сиднеј.
Хрватска во Токио ја водеше победа на Франција над Португалија или реми, а со пораз на Франција од седум разлика на Игрите би отишле Португалија и Хрватска.
Таму, од квалификациската група 2 се пласира Франција, од првата група Норвешка и Бразил, а од третата Шведска и Германија.
Својот настап веќе го осигураа Јапонија како домаќин, Данска како светски првак, Шпанија како актуелен европски првак, Египет како првак на Африка, панамеричкиот шампион Аргентина и Бахреин како победник на азиските квалификации.


РФМ „богато“ ги награди Лазаров и играчите

Репрезентацијата на Македонија против Данска ја остваро една од најголемите победи во историјата на нашиот ракомет. Големата победа на Кире Лазаров и неговите играчи предизвика еуфорија во Македонија, а ракометната федерација одобри вкупно 20 илјади евра премија за сите учесници во победата.
Македонија пред два месеци доживеа дебакл на Светското првенство, а по Мундијалот на клупата седна легендарниот Кире Лазаров, кој против Данска дебитираше во улогата тренер-играч. Лазаров постигна четири погодоци, а кога беше во игра, екипата ја предводеше Бранислав Ангеловски.


Македонија без Стоилов на гостувањето во Алборг

Репрезентацијата на Македонија нема многу за славје после големата победа над Данска, веќе во недела треба да им гостуваме на Данците во Алборг. „Црвено-жолтите“ се надминаа себе си и одиграа фантастичен натпревар на дебито на Кире Лазаров како селектор-играч. Сепак сега за вториот натпревар со Данска, Лазаров се соочува со проблем. Од составот отпадна Стојанче Стоилов поради повреда. Затоа во Алборг Лазаров ќе мора да се потпре на Жарко Пешевски и Никола Маркоски. Ќе потсетиме претходно пред вчерашниот натпревар за двата дуели отпадна Димитар Димитриоски. Дуелот помеѓу Данска и Македонија се игра во недела од 16:00 часот.


Лазаров: Почнуваме ново поглавје, спремни сме за Данска

Утре Македонија ја очекува првата од двете средби со селекцијата на Данска во проролжението на квалификациите за Европското првенство. Нашата репрезентација е подготвена за предизвикот, а новиот селектор Лазаров вели дека е задоволен од она што го одработија на подготовките.
„Мислам дека сме подготвени, имавме доволно време. Не случајно ги почнавме подготовките два дена порано. На време и се комплетиравме, последен се приклучи Пешевски во вторникот, останатите интернационалци во понеделникот. Мене ми е познат овој ритуал на подготовки, толку време имаат и останатите репрезентации, ние максимално го искористивме. Имавме добри услови и можам слободно да кажам дека добро сме подготвени. Играме против светскиот првак, актуелниот сè уште олимписки шампион. Мене и на играчите ни е чест, што можеме да отвориме едно ново поглавје на македонскиот ракомет почнувајќи со, можеби најдобрата репрезентација на денешницата. Спортски е да се надеваме. Како селектор и како капитен доделив јасни, конкретни улоги, играчите добија можеби и премногу информации за кратко време. Јас мислам дека комплетната слика на оваа нова Македонија која треба да биде ќе ја имам по двата натпревара со Данска. Како што реков, спортски е да се надеваме, ќе веруваме и ќе се бориме докрај, меѓутоа од друга страна знаеме и треба да бидеме реални дека, сепак, Данска е можеби најдобрата светска репрезентација во моментов. Од она што го видовме во видео сесиите, повеќе од десетина, покрај тоа што ја анализиравме Данска, научивме и некои нови работи, дури и јас, кој сум многу долго на високо ниво во ракометот. Навистина беше задоволство за играчите да гледаме, да анализираме и да се подготвуваме за нив, но и да научиме нови работи. Видовме дека не случајно се и 2019 и 2021 светски и актуелни олимписки прваци“, вели нашиот капитен и предводник на оваа генерација.


Глигоров ќе го води Металург по отказот на Димитриоски

Металург експресно ја реши дилемата околу тренерската позиција, откако за нов кормилар го назначи Владимир Глигоров.
Глигоров на позицијата тренер во Металург доаѓа на местото од Оливер Димитриоски, кој отказ доби после поразот од Пролет, на стартот од мечевите во плејофот.
Поранешниот селектор на женската македонска репрезентација во Автокоманда ќе има сериозен предизвик, бидејќи клубот посакува пласман во горниот дел од табелата, а почетокот не е идеален.
Во плејофот од Супер лигата има пауза, што сигурно добро ќе им дојде на „металурзите“ да се сихронизираат со новиот тренер. Металург во втората рунда гостува во Струга кај истоимената екипа.


Вегар го оперираше рамото, се враќа следната сезона

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, имаше успешна операција во Загреб откако подолго време се соочуваше со повреда на рамото.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека зафатот помина во најдобар ред. Клубот му посакува брзо заздравување и враќање на терените“, информираше клубот од Битола.
Вегар кој ја реализира третата сезона во екипата од Битола претходно настапуваше за Стеауа. По операцијата практично ја заврши сезоната.


Одредени термините и саатниците за спектаклот Еурофарм Пелистер – Магдебург

Европската ракометна федерација ги одреди термините и за натпреварите од елиминациската фаза во второто по ранг натпреварување, Европската лига. Единствен македонски претставник во оваа фаза од натпреварувањето ќе биде Еурофарм Пелистер, кој ќе се соочи со некогашниот европски шампион Магдебург. Првиот натпревар ќе се игра во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“ на 23 март со почеток во 20:45 часот. Реваншот ќе биде одигран една недела подоцна , односно на 30 март со почеток во 18:45 часот во „Гетек Арена“ во Магдебург.


Ракометниот „Шек“ прави трансфер на кариерата!

Еден од најсимпатичните ракометари на неодамна завршеното Светско првенство во Египет беше пивотот на Конго, Тиери Готје Мвумби, горостасот од 137 килограми. Веднаш по завршувањето на првенството му пристигнаа низа понуди за продолжување на кариерата. Првенството го заврши со 20 погодоци на своето конто, а за овој член на француски четвртолигаш интерес пројавија неколку шпански клубови. Според пишувањата на шпанските медиуми, Мвумби има неколку конкретни понуди од тамошни прволигаши, но се уште не се знае за кој клуб ќе потпише. Според официјалните податоци, Мвумби е тежок 137 килограми и висок 195 сантиметри.


Флензбург незадоволен од одлуките на ЕХФ за службени победи

Одлуката на Европската ракометна федерација со која исходот на одреден број натпревари од ракометната Лига на шампиони беа решени со службен резултат, донесе многу негодувања меѓу клубовите.
Најжестоко реагираа од бундеслигашот Флензбург, кој со службен резултат го загуби натпреварот со нашиот Вардар, но и неодиграниот дуел со Порто.
ЕХФ образложи дека предвид се земени причините поради кои не се одиграни средбите, но германскиот тим е лут на федерацијата.
„Одлуката на ЕХФ е показател како ги носат одлуките без дијалог со клубовите. Ние ја одигравме најдобрата групна фаза досега, имавме три натпревари помалку и само два бода заостанување зад првопласираниот Кјелце, сега чуството е горчливо. На крајот можеме да завршиме на третото место, иако со игрите заслуживме да ја скокнеме осминафиналната фаза“, изјави тренерот Мајк Макула.


Селекторот Лазаров го скрати списокот за двомечот против Данска

Кирил Лазаров во улога на селектор и воедно капитен на нашата ракометна репрезентација го објави скратениот списокот за квалификациските мечеви против Данска за пласман на Европското првенство во 2022 година.
Првиот список кој имаше 35 играчи сега е скратен и има 23 ракометари. Тука се крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски кои не играа на СП во Египет. Собирот е закажан за 6 март.
Дуелите со Данска се играат на 11 март во Скопје и на 14 во Алборг.