останато

Маркез ќе тргне од пол-позицијата во Аргентина

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата пред ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.

Осумкратниот светски првак уште од почетокот на акцијата ги поместуваше границите на патеката „Термас де Рио Ондо“, а на пат до втората пол-позиција сезонава, постави нов рекорд, 1:36.917 минути.

Исто како и пред две недели во Тајланд, најблиску до него беше неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати, кој заостануваше 246 илјадитинки. На браќата Маркез во првиот стартен ред им се приклучи сензационалниот Жоан Зарко на ЛЦР Хонда.

Вториот стартен ред го заврши Фабио ди Џанантонио од тимот БР46, следен од Фабио Квартаро на Јамаха и тимскиот колега Франко Морбидели. Меѓу првите десет се најдоа Марко Бецеки од Априлија и фабричкиот возач на Хонда Жоан Мир.

Спринт трката во Аргентина е закажана за 19 часот, додека Големата награда е закажана за во недела во истиот термин.


Ника Превц го сруши светскиот рекорд во ски-скокови

Двократната светска шампионка Словенката Ника Превц постави светски рекорд во ски скокови.

Во Викерсунд, Ника леташе 236 метри, 45,5 метри подолго од нејзиниот личен рекорд. Оваа 19-годишна Словенка двапати постави нов светски рекорд на тренингот во петокот.

Ника потекнува од многу успешно спортско семејство. Има тројца браќа: Петер, Цене и Домен, исто така ски-скокачи. Петер Превц е поранешен светски шампион и има четири медали на Зимските олимписки игри.

Таа го подобри претходниот рекорд на Норвежанката Силја Опсет од минатата година на истата скокалница за цели 5,5 метри.

Дамите во сабота и недела во Викерсунд ќе се натпреваруваат во единствените две натпреварувања на леталниците, оваа сезона на Светскиот куп.


Хорхе Мартин ќе ја скокне ГН на САД

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, кој веќе се повлече од првите две трки сезонава поради повреда, потврди дека ќе ја пропушти и Големата награда на САД.

„Имам проблеми, рехабилитацијата не оди толку брзо колку што би сакал. Би сакал да бидам во Остин, но нема да можам да се тркам. Не знам дали ќе бидам и во Катар (13 април). Се уште е рано”, изјави тој на прес-конференција во Мадрид.

Мартин се повреди за време на претсезонското тестирање во Малезија во февруари и мораше да оди на операција на раката, а потоа доживеа уште една несреќа за која беше потребна дополнителна операција.

Тој ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд, а ќе ја пропушти втората во Аргентина овој викенд.


Усик може да го загуби ВБО шампионскиот појас

Светскиот шампион во тешка категорија Олександр Усик (23-0) би можел да ја загуби и титулата во ВБО доколку Украинецот не се бори со Џозеф Паркер (26-3).

Организацијата му даде рок од 30 дена на 38-годишникот да договори меч против Новозеланѓанецот, во спротивно Усик ќе остане „само“ со две титули ВБА и ВБЦ.

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во ерата на „четири појаси“ во мај минатата година, а најпрво го загуби појасот на ИБФ поради реваншот со една година помладиот Британец Тајсон Фјури (34-1-1) во декември.

Тогаш Англичанецот Даниел Дубоа стана шампион на ИБФ со промоција од привремен шампионски статус, а своето владеење го потврди со нокаут против Ентони Џошуа на преполниот Вембли.

Слична е ситуацијата и со 33-годишниот Паркер, кој ја одбрани привремената титула минатиот февруари во Ријад со нокаут над Конго Мартин Баколе, кој влезе како замена за Дубоа.

Усик најави дека има уште две професионални борби пред да се пензионира, а останува да видиме кој ќе биде неговиот следен ривал.


Футсалците неочекувано поразени и од Андора

Македонската футсал репрезентација претрпе уше еден разочарувачки пораз и вечерва загуби на гостувањето кај Андора со 2-1.

Првото полувреме мрежите мируваа, а Андора првата голема прилика за водство ја пропушти на стартот кога Регало не реализираше пенал.

Сепак истиот играч само две минути подоцна се запиша во листата на стрелци. Македонија брзо возврати и израмни преку Тодоровски.

Но, Блат се погрижи за победа на домашниот состав.

Македонија во квалификациите за Европското првенство е во серија од четири порази откако во првото ремизиравме токму со Андора дома 1-1.


Стефано Доменикали останува на чело на Формула 1 до 2029 година

Легендарниот Роналдо Назарио да Лима ја повлече кандидатурата за претседател на Бразилската фудбалска конфедерација.

Двократниот светски шампион со „кариоките“, сега бизнисмен, рече дека му недостига поддршка од локалните фудбалски претставници за да го предизвика актуелниот претседател Едналдо Родригез.

Роналдо во декември најави дека ќе го предизвика Родригез, кој беше критикуван од навивачите и поранешните играчи, но не и од локалните фудбалски претставници.

Изборите треба да се одржат во наредниот период, се уште не е познат точниот датум. Инаку мандатот на Родригез истекува во март следната година.

На Роналдо му беше потребна поддршка од најмалку четири локални сојузи за да се кандидира, но поранешниот напаѓач на Интер и Реал Мадрид не обезбеди поддршка.

„Локалните сојузи одбија да ме примат во нивните седшта, тврдејќи дека се задоволни од актуелното раководство и ја поддржуваат кампањата за реизбор на Родригез. Не можев да го претставам мојот проект, да ги споделам моите идеи. Немаше простор за дијалог. Јасно е дека немам шанси да се кандидирам. Повеќето федерални функционери го поддржуваат актуелниот претседател, тоа е нивно право и јас го почитувам тоа без оглед на моите убедувања“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Мандатот на Родригез беше обележан со правен спор, при што тој беше сменет во декември 2023 година поради нерегуларности во изборниот процес, но еден месец подоцна бразилскиот Врховен суд ја поништи таа одлука.

Во тој период, Родригез го доживеа својот најголем неуспех, бидејќи постојано тврде


Формен бил единствениот од кого Тајсон се плашел во рингот

Мајк Тајсон беше познат во текот на неговата кариера по својата бестрашност и бескомпромисна борба. Но, тој имаше и боксер од кој се плашеше и со кој не сакаше да влезе во рингот.

Тајсон се плашел од Џорџ Форман. Нивните менаџери преговарале за борба во 1990 година, но не успеале да се договорат. После тоа, Тајсон беше осуден за силување и мораше да оди во затвор, додека Форман го осови светскиот шампионски појас во 1994 година.

Боби Гудман, асистентот на најпознатиот боксерски менаџер Дон Кинг во тоа време, ги раскажа настаните околу потенцијалниот меч Тајсон – Формен.

„Дон и јас се обидовме да ја договориме борбата. Тој го убеди Тајсон дека Форман е стар и бавен и дека ќе заработи многу пари борејќи се со него. Тајсон стана и почна да вика: “Нема да се борам со тоа е..но животното. Ако сакаш влези ти и бори се”.

Од друга страна, ниту Форман не инсистирал премногу на борбата со многу помладиот и поексплозивен Тајсон.

„Тој беше кошмар во рингот. Не сакав да имам ништо со него. Тој беше чудовиште. Ако не те удри со лева или десна рака, ќе те гризеше. Не сакав да се борам со него“, изјави Форман.


Ѓорческа успешно ги мина квалификациите во Унгарија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите усепа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар. Таа денес по голема борба и меч што траеше повеќе од два часа (2 часа и 11 минути) ја совлада Романката Андреа Присакариу со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 7-6/3. Македонската тенисерка успеа да направи пресврт и да стигне до поасакуваниот триумф.

Во првиот сет ривалката беше по 1-1 во гемови успеа да направи предност и водство од 4-1 во гемови што беше доволно за да се освои сетот со 6-3. Но, во вториот сет Ѓорческа загуби само еден гем, откако поведе со 5-0 во гемови Прискариу го освои гемот, а веднаш потоа Лина изедначи со 6-1 во сетот и 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Ѓорческа поведе со 2-0 и 3-1 во гемови, но романската тенисерка го презеде водството со 4-3. Сепак на крајот сетот беше решен во тај брејк, кој со 7-3 на поени и припадна на македонската тенисерка.

Ѓорческа, која беше втора носителка во квалификациите сега го очекува „костурот“ за главниот турнир. Инаку, турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Втората македонска тенисерка која беше пријавена за настап оваа недела Магдалена Стоилковска го предаде мечот од од второто квалификациско коло на ИТФ W15 турнирот во Шарм Ел Шеик и пласман во следното квалификациско коло обезбеди Маргарита Охендовскаја од Украина.


Холандија доминантна на Европското првенство во сала

Холандија имаше фантастична завршна вечер на Европското атлетско првенство во сала во Апелдорн освојувајќи неверојатни пет златни медали во една сесија, зголемувајќи го нивниот вкупен број на седум злата што беше нивно најдобро достигнување досега во европската историја на првенства во сала.

Џесика Шилдер победи во фрлање ѓуле за жени, изненадувачка победа оствари Семјуел Чапл на 800 метри кај мажите во неговото прво меѓународно финале, додека искусниот интернационалец Мено Влун ја подели титулата во скок со стап со Гркот Емануил Каралис.

Конечно, речиси неизбежно, холандските машки и женски тимови на 4×400 метри освоија по злато, а Фемке Бол ја имаше диригентската палка на последниот настан од шампионатот.

Тоа значеше дека земјата домаќин заврши на врвот на табелата со освоени медали со вкупно девет медали.


Анкалаев е нов УФЦ шампион во полутешка категорија

Рускиот УФЦ борец Магомет Анкалаев е нов шампион во полутешка категорија, откако по пет рунди со едногласна судиска одлука го победи бразилскиот борец Алекс Переира.

Но, оваа борба, барем според фановите и оние кои сето тоа го следеа во живо, не ги оправда очекувањата.

Знаеше да се слушне и исвиркување од трибините, барајќи многу повеќе акција и возбуда во рингот, но присутните не го добија тоа.