Летексие ќе го суди финалето на Европското првенство
Французинот Франсоа Летексие ќе го суди финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Англија. Големата пресметка е во недела во 21 часот на „Олимпија стадион“ во Берлин.
38-годишниот судија досега на Европското првенство судеше три натпревари, Шпанија – Грузија, Данска – Србија и Хрватска – Албанија. Тој беше и четврти судија на воведниот меч меѓу Германија и Шкотска.
Помошници на Летексие ќе бидат Сирил Меуниер и Мехди Рахмуни. Четврт судија е Полјакот Шимон Марчиљњак.
Жером Брисар од Франција ќе биде на ВАР. Ќе му помагаат Вили Делаџо и Масимилијано Ирати од Италија. За резервен помошен судија е назначен Томаш Листкиевич од Полска.