Агуеро го најави следниот чекор, се знае со кого сака да игра

Серхио Агуеро се уште нема понуда да го продолжи договорот со Манчестер Сити и се поизвесно е дека ќе го напушти клубот по цели 10 години. Аргентинецот оваа сезона е во втор план, најпрво поради повреди, а и поради тоа што се бореше со коронавирусот. Сепак, Сити и без него покажа дека е најдобар тим во Премиерлигата, а веќе некое време се шпекулира дека Гвардиола е во потрага по нов напаѓач, се почесто се зборува за Хари Кејн, а алтернативи се Ромелу Лукаку, Лаутаро Мартинез, како и Ерлинг Халанд. За тоа време, Агуеро најави дека сака да заигра со Лионел Меси. „Се уште не знам каде ќе играм од јуни. Меси? Кој не би сакал да игра со Меси?“ – реторички праша Агуеро и со тоа ги подгреа шпекулациите за трансфер во Барселона и задржување на Меси во каталонскиот клуб. Оваа сезона покажа дека на Барса и е потребен напаѓач од класата на Агуеро, а бидејќи на лето ќе стане слободен играч, извесно е дека ќе тргнат по него. Сепак, за почеток е потребно Меси повторно да има желба да остане во Барселона, бидејќи поразот од ПСЖ влијаеше на неговото расположение и вербата во каталонскиот клуб.