Влаховиќ се согласил да премине во Баерн

Главна трансфер цел на Баерн Минхен на лето ќе биде Душан Влаховиќ, пренесуваат германските медиуми.

Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, и сака да ја промени средината, а и „бјанконерите“ се спремни да го продадат ова лето.

Баерн е во потрага по врвен напаѓач и веќе постигнале договор со Влаховиќ, кој е спремен да се пресели во Минхен. Србинот на „Алијанц Арена“ ќе заработува 8 милиони евра по сезона, а Јувентус за неговата слобода бара 80 милиони евра.