Дали ова е најбизарниот авто-гол во историјата на фудбалот? (видео)

Руи Филипе Фереира Фариа е фудбалер на португалскиот третолигаш Вилаварденсе, а воедно е автор на еден од најбизарните авто-голови кои некогаш сте ги виделе.
Дефанзивецот на португалската екипа успеа на натпреварот против Вианенсе да постигне авто-гол за кој веќе зборува цела Португалија, а и многу европски спортски медиуми.
Се играше судиското продолжение од натпреварот кога фудбалерите на Вианенсе изведоа брза контра во момент кога имаа водство од 1:0, а по лоб ударот на гостите, топката ја погоди пречката и падна пред Фариа кој беше сам на пет метри.
Додека сите очекуваа дефанзивецот на Вилаварденсе мирно да ја реши ситуацијата и да ја исфрли топката во корнер, Фариа скокна и со глава ја смести топката во својата мрежа. Натпреварот заврши со победа на Вианенсе со резултат 2:0.

https://twitter.com/CosmosLampiao/status/1361723831904309248