Ди Франческо заработи отказ, Верона менува тренер по само три натпревари

Тренерот на фудбалерите на Верона, Еузебио Ди Франческо, доби отказ по само три натпревари и исто толку порази во Серија А, објави денеска италијанскиот состав на официјалната веб -страница.

Верона  која вчера загуби од Болоња со 1-0,  претходно претрпе  порази од Сасуоло и од шампионот Интер. Ди Франческо летово пристигна во Верона како наследник на Иван Јуриќ, кој се пресели во Торино.

Ди Франческо по трет пат добива отказ без да може да ја заврши целата сезона. Тоа му се случи со Сампдорија и Каљари.