Осимен и покрај понудите сака да остане во Неапол

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, кој го освои првото место кај голгетерите во Серија „А“ и воедно успеа да се израдува на шампионската титула, вели дека за неговиот евентуален трансфер ќе реши претседателот на клубот.

 „Мојата иднина? Газда Аурелио решава. Знам само дека го сакам Неапол, ги сакам луѓето тука, има неверојатна љубов“ – вели црномурестиот напаѓач.

Не е тајна дека за потписот на Нигериецот се заинтересирани големите гиганти од типот на Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид.