Премиерлигата подговена за најголемиот „домашен“ трансфер во историјата!

Според последните информации на англиските медиуми, Хари Кејн сака да го напушти Тотенхем ова лето! Како што можеше и да се претпостави, Кејн е свесен дека мора да го напушти Тотенхем ако сака да се бори за најголемите клупски трофеи – Премиерлигата и Лигата на шампионите, а иако не е познато каде сака да оди, сите веруваат дека Манчестер Сити ќе биде главен кандидат да го доведе. Даниел Леви ја одреди и цената, астрономски 170 милиони евра, што ќе биде убедливо најголемиот „домашен“ трансфер во Англија и трет најскап на светот уште од Нејмар и Мбапе, за кои ПСЖ плати 222 и 180 милиони евра. Кејн ќе полни 28 години, се наоѓа во најдобриот период од неговата кариера, а јасно е деак со Тотенхем нема да успее да испише историја како најдобар напаѓач во Премиерлигата и Европа. Истовремено, се појави информација и за евентуален „наследник“ на Кејн во Тотенхем, прв на листата е Доминик Калверт-Луин, кој се наметнува и како најлогично решение, а тука е и Дени Ингс од Саутемптон. И двајцата имаат одлични сезони во Евертон и Саутемптон, но прашање е дали можат да го достигнат нивото на Кејн, но сигурно е дека се достојни имиња да се обидат да го заменат.