Репрезентативците го одработија првиот тренинг во Перм

По одморот од долгото патување, нашата најдобра селекција утрово го одработи и првиот тренинг во Перм.
Во салата каде ќе се игра турнирот, Арената „Mолот“, селекторот Александар Тодоров ги изведе сите 15. играчи на кои смета за четирите натпревари.
За прв пат од почетокот на подготовките, заедно со другиот дел од тимот тренираа и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.
„Засилување“ има и во стручниот штаб. На тренинг е и Никола Василев, кој поради професионалните обврски со својот клуб во Литванија се приклучува од денеска во работата со националниот тим.