Румениге: Халанд ја игра последната сезона во Германија

Карл Хајнц –Румениге потенцира дека ниту еден состав од Германија нема да го купи Ерлинг Халанд откако во 2022 година „милионерите“ ќе ја активираат неговата откупна клаузула од 75 милиони евра.

„Ќе биде многу тешко Халанд да остане во Германија. Кога ќе се активира неговата калузула ќе видиме вистинска аукција. Клубот што ќе му понуди најголема плата ќе го добие Халанд. Мислам дека тоа не може да го направи ниту еден состав од Бундес-лигата“, вели Румениге.