Салернитана му нуди на Кавани 200 илјади евра по даден гол

Италијанскиот калчолигаш Салернитана сака по секоја цена да го ангажира уругвајскиот голгетер Едисон Кавани. 

За таа цел клубот подготви понуда за договор од два милиони евра по сезона, во која е вклучена и клаузула по која Кавани може да го напушти клубот кога и да посака. Во понудата до Уругваецот Салернитана нуди и 200 илјади евра бонус за секој постигнат гол на напаѓачот.

Останува да се види дали Кавани ќе ја прифати оваа интересна понуда и ќе се врати повторно да заигра во Серија А, каде претходно ги носеше дресовите на Палермо и Наполи.

Минатата сезона Кавани ја помина во Манчестер Јунајтед но сега е слободен играч без актуелен договор.