Севиља спремна да го врати Рамос во матичниот клуб

Серхио Рамос го напушти Париз Сен Жермен по две години поминати во овој клуб и сега е слободен во изборот на новата средина.

Шпанецот има неколку понуди, очекувано најбогатите се од Саудиска Арабија која полека станува атрактивна дестинација за многу фудбалери. Сепак, денес се појавија информации дека Рамос може да остане во европскиот фудбал и тоа во Шпанија. Наводно Севиља е спремна да го врати своите редови. Рамос дресот на Севиља го носеше осум години од 1996 до 2004 година кога премина во Реал Мадрид.

Рамос е роден во Камас, место блиску до Севиља и тоа за него би било враќање дома. Се наведува дека главната причина поради која Рамос би можел да ја избере Шпанија е неговото семејство.

Освен тоа Севиља со освојувањето на Лигата на Европа во изминатата сезона си обезбеди учество во Лигата на шампионите, па така Рамос повторно ќе има прилика да игра на највисоко ниво.