Сон не потпишува нов договор, Јуве му нуди 90 милиони евра на Тотенхем

Јувентус покажува силен интерес за ѕвездата на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, пренесуваат италијанските медиуми. Кореецот, игра уште една одлична сезона и до сега има постигнато 17 гола и 9 асистенции за Тотенхем. Сон има договор со тимот од Лондон до 2023 година, но Јувентус е спремен да му понуди многу поголема плата и да плати 90 милиони евра за неговиот потпис. „Старата дама“ верува дека покрај фудбалските квалитети Сон ќе придонесе и за комерцијални придобивки на клубот во азискиот пазар.