Јунајтед ја пронајде замената за Погба?

Статусот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед се менува од недела во недела.
Во еден момент, Рајола изјавува дека французинот ќе го напушти Олд Трафорд, додека во нареден Погба го игра можеби и најдобриот фудбал откако се врати во Манчестер. Французинот во моментот е надвор од тимот поради повреда, а се чини дека опоравувањето ќе трае подолго од предвидените 15 дена.
Погба има договор до јуни 2022. година, јасно е дека сериозните клубови го планираат секое можно сценарио. Едно од тие е и заминување на Погба, а Јунајтед неговото потенцијално заминување ќе се обиде да го надокнади со шопинг во Мадрид.
Федерико Валверде е мета број еден, доколку Погба замине од Манчестер. 22-годишниот фудбалер се мачеше со повреди оваа сезона, но јасно е каква разлика прави во тимот на Зидан кога е на теренот. Трансферот нема да биде нималку лесен, Федерико има клаузула од неверојатни 160 милиони евра, а неговиот договор со Реал Мадрид е до 2025. година.
Јунајтед веќе промаши со доведувањето на Ван де Бек, а наредното засилување во средниот ред мора да биде полн погодок.