Ливерпул го победи Челзи во трката по Џереми Жаке

Ливерпул постигна договор со франциски Рен за трансфер на 20-годишниот централен дефанзивец Жереми Жаке. „Црвените“ ќе платат 60 милиони евра плус 10 милиони бонуси за францускиот фудбалер.
Жаке се договорил за личниот договор со англискиот клуб. Тој ќе му се приклучи на Ливерпул на лето, а до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Рен.
Оваа сезона, Жаке одигра 18 натпревари за Рен во Лига 1, при што доби четири жолти картони и еден црвен. Тој во просек игра 89 минути по натпревар.