Џилардино доби отказ, Пиза ќе добие нов тренер

По 23 одиграни натпревари во Серија А, Алберто Џилардино доби отказ.

Досегашниот стратег на Пиза беше разрешен од функцијата по поразот од Сасуоло, а одлуката била донесена едногласно поради лошите резултати оваа сезона, во која клубот оствари само една победа.

Пиза досега има скор од една победа, 11 ремија и 11 порази, со што се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со 14 бодови, а зад неа е само Верона.

Како најсериозен кандидат за наследник на поранешниот напаѓач сè почесто се споменува Марко Џампаоло, тренерот кој во минатата сезона го предводеше Лече.