Лина Ѓорческа скокна дванаесет места на ВТА листата

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, сосема очекувано прогресираше на новата ВТА-листа објавена денес.
Таа по добрите настапи на турнирите во Португалија скокна 12 позиции на светската листа и сега го држи 182 место.
Ѓорческа откако ја реализираше планираната програма на Пиринеите, сега ќе се насочи кон турнирите во Франција.