Дибала одлучи да не се оперира по повредата

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, веројатно нема да оди на операција на коленото иако се очекуваше спротивното.

Имено, медицинскиот персонал на клубот ќе разгледа други опции за негово закрепнување откако магнетната резонанца не покажа проблеми што бараат задолжителна операција.

Вториот пак, напаѓач на Рома, Матијас Шуле, нема да има таква среќа. Според најавата тој веројатно ќе мора да се оперира.