Беќири: Не бевме на ниво, ќе се поправиме на реваншот

По синоќешниот пораз на домашен терен од екипата на Самсунспор од 0-1, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, изјави дека неговиот тим не се прикажал во најдобро издание.
„Противникот беше подобар и сакам да им честитам. Мислам дека ние не бевме на нашиот максимум. Кога играш против ваков квалитетен тим треба да ја искористиш секоја шанса. Противникот успеа да постигне гол од една од шансите, и тоа го реши мечот. И ние имавме две-три добри шанси, но не ги искористивме. Нѐ чека меч со Силекс в недела, а потоа во четврток на гостински терен ќе се обидеме да се претставиме во подобро светло и да се прикажеме во вистинско издание“, изјави Беќири.