Вардар го надигра Мелсунген и остана во игра за нокаут-фазата

Ракометарите на Вардар со фуриозна игра во вториот дел од мечот дојдоа до победа над Мелсунген од 37-33 во второто коло од втората фаза на ЕХФ Европската лига. Вечерва во Скопје видовме две различни полувремиња и две лица на „црвено-црните“.
Во првиот дел хаотичен Вардар кој му дозволи на противникот да се размавне и да замине на пауза со 18:19, иако во добар дел од полувремето Германците имаа и по 6 гола предност. Во вториот дел работите си дојдоа на место, публиката грмна од трибините, Вардар се врати во водство и до крајот не дозволи нов пад.
Малус со 10 и Воркапиќ со 9 гола го предводеа Вардар до победата, додека Стефансон со 12 гола беше лидер кај германскиот состав. Вардар со оваа победа е на делба на второто место во групата со екипата на Бенфика, додека Мелсунген останува лидер со два бода повеќе.