Македонија го претстави новиот дрес за Лигата на нации

Фудбалската федерација на Македонија со гордост го претставува новиот дрес на македонската репрезентација, изработен од ADIDAS во рамките на програмата UEFA Kit Assistance Scheme.
Новиот дизајн е специјално персонализиран за нашиот национален тим, во тесна соработка помеѓу ФФМ и ADIDAS. Дресовите на македонската репрезентација комбинираат современ изглед и врвни материјали, обезбедувајќи максимална удобност и функционалност на теренот. Со новиот изглед, нашите национални тимови ќе настапуваат на следните натпревари, носејќи симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја.
Десет европски национални селекции ќе настапуваат во ново дизајнирани дресови креирани од ADIDAS, новиот снабдувач во рамките на програмата UEFA Kit Assistance Scheme. Основана во 2007 година, оваа програма обезбедува натпреварувачка и тренинг-опрема за националните асоцијации, овозможувајќи им на репрезентациите да настапуваат во висококвалитетни, уникатни дресови што ја одразуваат нивната фудбалска култура и историја.