БиХ немоќна, Американците закажаа осминафинале против Белгија

Босна и Херцеговина го заврши настапот на Светското првенство откако со 2-0 загуби од САД во првата нокаут рунда на Светското првенство.
САД беше подобар противник, создадоа повеќе чисти шанси, постигнаа два гола, имаа и два поништени погодоци и погодена пречка, заслужено го добија дуелот против БиХ.
Сергеј Барбарез се одлучи за дефанзивна тактика, која на крајот се покажа како неуспешна.
САД дојде во водство со гол на Балоган во 45. минута, тој искористи една грешка на одбраната на БиХ и ја смести топката во мрежата.
Во 64. минута Балоган доби црвен картон, домашната селекција на САД остана со фудбалер помалку.
Босанците имаа доволно време со играч повеќе да нападнат и да го изедначат резултатот, но и во ваква ситуација Американците беа поопасни.
Точка на мечот стави Тилман со прекрасен гол од слободен удар во 82. минута од натпреварот.
САД во осминафиналето ќе игра против Белгија која претходно со многу среќа го мина Сенегал.