Ѓоковиќ пресилен за Циципас, Србинот без проблеми во третото коло на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ експресно и без поголеми маки ја прескокна и втората пречка на Вимблдон, откако во најавеното дерби на колото рутински го совлада Стефанос Циципас.

Српскиот тенисер доминираше во текот на целиот меч и славеше со убедливи 6-3, 6-4 и 6-2. Со оваа победа Ѓоковиќ обезбеди пласман во следната рунда, каде за противник ќе го има францускиот претставник Риндернех.

Победа во три сета запиша и Јаник Синер против Нуно Боргес, иако Италијанецот мораше многу повеќе да се мачи за да го скрши отпорот на противникот.