Преседан: ФИФА му ја поништи суспензијата на Балогун

ФИФА донесе скандалозна одлука, му го поништи црвениот картон на Флоријан Балогун кој го доби против Босна и Херцеговина, ѕвездата на САД ќе може да игра против Белгија.

Официјалната одлука е дека мечот суспензија останува, но тој може да го „одлежи“ во рок од една година на било кој меч на селекцијата на САД.

Тоа практично значи дека суспензијата му е поништена за натпреварот со Белгија и тој слободно ќе може да игра во осминафиналето.

„Ѝ благодарам на ФИФА што доенсе вистинска одлука и ја исправи неправдата“, објави Трамп на социјалните мрежи.

Ваквата одлука на ФИФА предизвика бурни реакции во јавноста кои во прашање на ставаат регуларноста на првенството.