Клеј Томпсон потпиша за Мајами

Клеј Томпсон ја заврши својата кратка епизода во Далас и кариерата ќе ја продолжи во Мајами.

Искусниот шутер постигна договор со Маверикс за раскин на соработката, по што ќе се пресели во редовите на Хит.

Според НБА-инсајдерот Шемс Чаранија, Мајами одамна бил заинтересиран за 36-годишниот кошаркар и сега конечно успеал да го обезбеди неговиот потпис.

Томпсон во Далас пристигна во 2024 година, но по две сезони двете страни решија да ја прекинат соработката. Минатата сезона тој бележеше просек од 11,7 поени, 2,1 скок и 1,4 асистенции за 21,7 минути на натпревар, со 38,3 проценти реализација за три поени.