Гоф и Пегула ќе играат за титулата во Синсинати

Американките тенисерки Џесика Пегула и Коко Гоф ќе играат за трофејот на ВТА 1000 турнирот во Синсинати, САД.

Ова е епилогот по двата полуфинални меч.

Ноќеска Гоф ја победи Чехинката Сара Бејлек, претходно Пегула беше поуспешна од Ига Швјонтек од Полска.

Коко Гауф (САД, 4 носителка) – Сара Бејлек (Чешка) – 6:4, 6:1

Џесика Пегула (САД, 3) – Ига Швјонтек (Полска, 7) – 7:5, 4:6, 6:4.

Финалето ќе се игра во 1 часот по полноќ.