Марота потврди дека Лаутаро останува во Интер

Претседателот на Интер, Бепе Марота, категорично ги негира гласините дека фудбалерот, Лаутаро Мартинез може да замине во редовите на шпанската Барселона.
Неговата реакција доаѓа по серијата на шпекулации дека Каталонците ќе испратат понуда за аргентинскиот напаѓач.
„Пред сè, Лаутаро Мартинез е наш капитен и ја претставува актуелната историја на Интер. Значи, сè што можам да кажам е дека едноставно не постојат услови тој да замине“, рече Марота.