Барса потпиша со Макунду

Барселона официјално го засили Јоан Макунду како нов играч, со што каталонскиот клуб дополнително ја засили конкуренцијата под обрачите и потпиша договор до јуни 2028 година.

Макунду минатата сезона имаше турбулентен период, бидејќи играше и во Кина за Фуџијан, а потоа се врати во Монако за завршницата на сезоната.

Ова не е првпат Барса да се интересира за 26-годишниот крилен центар. Каталонците сакаа да го доведат и минатото лето, но тогаш Монако ја блокираше преселбата. Овојпат трансферот конечно е реализиран.