Одбојкарките завршија осми во БВА Зонските квалификации за ЕП 2027

Женската репрезентација на Македонија до 20 години заврши како осма, последнопласирана на БВА Зонските квалификации во Мостар за Европското првенство 2027. Македонија запиша пет порази во исто толку одиграни натпревари (три во групната фаза и два во разигрувањето за пласман), а имаше три освоени сета.

Оваа генерација на одбојкарки премиерно настапи на едни евро-квалификации и секој меч за нив беше собирање на искуство и градење на тимот за во иднина. Реалноста е дека се соочивме со противници кои имаат долга позитивна традиција во младинските категории, но успевавме да се носиме и со нив во одредени периоди од сетовите.

Со селекцијата на БиХ, со која Македонија е слична по квалитет, игравме добро и во натпреварот во групната фаза (2-3) и во разигрувањето за пласман (1-3). Тоа беа дуели со големи подеми и падови и на едната и на другата екипа, со резултатски пресврти и неизвесност, а финишот го одредуваа нијанси, односно помалку направените технички грешки. Сепак, Македонија не успеја да излезе како победник во овие средби.

Репрезентацијата на Русија е победник во БВА Зонските квалификации со победата од 3-1 над Белорусија. Турчинките, пак, завршија трети со триумфот над Романија од 3-0, додека во најинтересниот дуел во пет сета, за петтото место, Бугарија со 3-2 ја совлада Србија.