ПСЖ ќе раскине до подзаборавениот Ренато Санчез

ПСЖ е подготвен да го раскине договорот со Ренато Санчес доколку играчот од средниот ред најде нов клуб.

29-годишниот Португалец ги помина последните три сезони на позајмица во Панатинаикос, Бенфика и Рома, а неговиот договор со Парижаните е до јуни 2027 година.

Санчес веќе ги отфрли опциите во Саудиска Арабија и МЛС и сака да остане во Европа. Според „Фут Меркато“, играчот од средниот ред е исто така интересен за два клуба од француската Лига 1, како и за Ипсвич, Хал Сити, Торино и Унион Берлин.