Сити го претстави Ајуб Буади

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на еден од најталентираните млади фудбалери во Европа.
„Граѓаните“ официјално го договорија Ајуб Буади од Лич за вкупен пакет од 100 милиони евра.
Англискиот гигант ќе плати фиксни 95 милиони евра, додека дополнителни пет милиони евра се предвидени преку бонуси.
Буади веќе го потпиша договорот со Сити, кој ќе важи до јуни 2031 година.