Македонија до 20 години поразена од Мароко на Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години со пораз го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако загуби со 1-5 од селекцијата на Мароко до 19 години.

Мароко уште во првата минута дојде до предност преку Хамза Раџи, но Македонија експресно одговори. Во 4. минута, Дарјан Тасев го постигна израмнувачкиот гол за 1-1.

Резултатот остана непроменет до 36. минута, кога Зенеби Талби повторно му донесе предност на Мароко. Во вториот дел, противникот ја потврди победата со уште три гола. Мунсеф погоди за 3-1, а потоа Есади и Гурари реализираа за конечни 5-1.

Со овој пораз, македонската селекција го заврши настапот на Медитеранските игри на последното место во групата, со еден освоен бод.