Шест гола, луд финиш и реми меѓу Леванте и Севиља

Фудбалерите на Леванте и Севилја одиграа нерешено 3:3 во последниот натпревар од 8. коло од Примера.
Натпреварот се играше на градскиот стадион во Валенсија и по повеќе од 100 минути фудбал, заврши спектакуларно, со три гола постигнати во судиското надополнување на времето во второто полувреме.Исто така, заврши без победник
Севилја поведе преку Урео во 13. минута и тоа беше единствениот гол постигнат во првото полувреме.
Во второто, гостинот од Андалузија успеа да поведе со 2:0 во 54. минута кога мрежата на Леванте ја затресе Кореја, а само три минути подцна Иван Ромеро намали на 2:1.
Судијата го продолжи натпреварот за осум минути и можеше да се почувствува дека ќе „падне гол“, што се случи брзо.
Адриан де ла Фуенте, или скратено Адри, беше „џелатот“ на Севилја, постигна гол во 92-та минута што донесе ерупција од воодушевување.
Следеше филмскиот крај на натпреварот.
Севилја не сакаше да си оди дома поразена. Исак Ромеро стана вистински херој постигнувајќи гол само три минути подоцна, а во 95-та минута им донесе ново водство на гостите.
Севиља водеше со 3:2, но возбудата не запре тука. Само две минути по херојскиот подвиг, Ромеро беше исклучен поради вториот жолт картон.
Тоа му даде предност на Леванте. Во 100-та минута, Ндукве ги шокираше гостите од Севилја и му донесе израмнување на Леванте. ВАР ја провери целата акција, а откако утврди дека стрелецот не бил во офсајд, судијата го потврди голот и веднаш означи крај на натпреварот.