Ракометарките се собраа пред турнирот во Турција

енската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска го одржа собирот во хотелот „Three Corner“ во Скопје, во пресрет на претстојните репрезентативни обврски и настапот на Европското првенство 2026.

Како дел од подготовките за континенталниот шампионат, македонските ракометарки од 27 до 29 ноември ќе настапат на меѓународен турнир во Турција. Македонија ќе игра против Финска, Италија и домаќинот Турција.

Европското првенство ќе се одржи во декември, а натпреварите од групната фаза Македонија ќе ги игра во Клуж-Напока, Романија. Нашата селекција за противници ќе ги има Швајцарија, Романија и Норвешка.

Македонија ќе го отвори настапот на 4 декември против Швајцарија, на 6 декември ќе се соочи со Романија, а групната фаза ќе ја заврши на 8 декември против Норвешка.

Турнирот во Турција ќе биде важна проверка за избраничките на селекторот, кои ќе имаат можност да ја подигнат формата и да ги усогласат последните детали пред предизвиците на Европското првенство.